луѓе (имн.) - има (гл.)

Деврието патролата — крстосуваше низ село и секаде каде што ќе видеше светлинка влегуваше да се убеди што луѓе има во таа куќа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Народот се точеше надвор од селото под разни изговори — оди на работа — жетва, вршење бачило.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Луѓе имаше дупло помалку отколку пред шест години кога заминав на студии.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И денеска луѓето имаат сапуни од тоа време и уште носат опинци од нивните кожи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Ама, чичко Славе, па луѓето имаат проблем, а ти немаш поим ни од треви, ни од медицина, а башка грев е “- се ужаснувам јас, а тој ми вели: „Зошто грев?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Град голем, секакви луѓе има. Не смее сето тоа да му го каже на мажот си.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не гледаш туѓи луѓе имаме на вечера?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Човекот и со десет животи ќе бил веќе мртов, и со дваесет, и со повеќе, но продолжувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Каде е сега мајчето Минадора да ти помогне, батенце? Ја нема. Ти се стегнал грчмулот, те заборавила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Видот на луѓето имал сила да наголемува: секое влакненце на крвавото лице, од увото до гркланот, имало свој правец, своја боја, свое движење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некои луѓе имаат под гушата парче свето дрво. Во тоа им е силата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Среќата не е сѐ, се сеќавав на неговите зборови, кога луѓето имаат и други задачи во животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Погледни ме внимателно. Ако не ти личам на измамник слушај ме и понатака и немој да се смееш кога ќе ти речам дека тие луѓе имаа чудни лица; млечнобели, сиви, жолти, сини, зелени, секакви, само не какви што се нашите лица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Докторот Татули вели дека многу луѓе имаат ваква појава, на некои им се случува и дење, будни а да чекорат занесено, замислено, прават движења и работи кои не им доаѓа од свеста, туку така механички: гледаат, и не виѓаат, слушаат, а не сфаќаат, отсутни се - сѐ дур некој не им свика или не ги сниша за рака и не ги оттргне од таа занесеност...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во тој поглед, првобитните луѓе имале поголема среќа и задоволство од нас: постојано им се јавувале некои појави што ги опчинувале, возбудувале...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Такви луѓе има многу денес, рече.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето имаат деца во Грофот Нула, што беше вистинско продирање за мене.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неуроромансер, за мене, е адолесцентска книга.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се обидов да го зголемам влогот. Повеќе ми се допаѓа Гроф Нула.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)