луѓе (имн.) - зборува (гл.)

Немаше многу други капачи/излетници во околината, а оние коишто беа тука изгледаа изразито локално; ние воопшто не знаевме арапски, освен неколку безобразни зборови собрани од Шехерезада, и иако поголемиот број од мароканските деловни луѓе зборува француски, шпански или англиски, тоа не е случај со обичниот работен народ.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Зошто? - прашувам. - Затоа што луѓето зборуваат дека во закланите свињи месарите пронаоѓаат златни ланчиња, прстени, златни забни круни... - конспиративно вели мама, а потоа мирно додава: - Впрочем, јас и онака не јадам месо.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Петре Даскалот кога нѐ учеше или кога со луѓето зборуваше нешто важно, не зборуваше како сите останати туку некако збор по збор и со вметнување на некои црковнословенски зборови.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дали страдате кога помислувате дека некои луѓе зборуваат, мислат или прават зло? А не, нималку не ми е грижа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Некои луѓе зборуваат и за браната. Ако било за брана, велат, морало ли таму во Долнец да се гради? Испитал ли некој?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога немите луѓе зборуваат со својот телесен говор, тоа е реален говор а не хендикеп, тоа е прв говор и прво писмо.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Луѓето зборуваат дека никогаш порано вакво нешто не се случило; никогаш ваква дамка и немаштија не удрила како сега.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)