лутина (имн.) - ѝ (зам.)

Горда се вслуша, надевајќи се барем дека е кај соседите, но кога ѕвончето го повтори ударот тука и Горда се стресе, чувствувајќи како потиснатата лутина ѝ навира заедно со крвта во слепоочниците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А после, по третата година, лутината ѝ помина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мајка ми влезе во кујната и кога ме виде со телефонската слушалка во рака што јас од возбуда заборавив да ја спуштам, очите од лутина ѝ светнаа: - За ова би требало да бидеш казнет, - процеди бесно, - ама, сега нема време за тоа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)