Дрвјата се протегале како лузни во лилавото сивило.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мина време додека заздравев од враќањето, останаа само неколку лузни во душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Земјата се стеснувала, завршувала, од сите страни ја стискала магла.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Татко, и покрај сите маки и сите лузни во душата што му ги предизвикаа сиџилите, ја прифаќаше темата.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Пламенот што се превиткува во средината на земјанката го осветли нејзиниот десен образ огрден со дебела лузна во чија средина сѐ уште е залепен загноен струп.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)