Сите што ги собрав за таа изложба сакаа да го изменат светот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Секогаш бев многу чувствителен кон неговата визија, бидејќи откако ја открив Планината на Вистината, единствена локација во Швајцарија и воопшто во Европа, постојано се интересирам за историјата на визионерите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Иако исто така, ги открив Serra и Baselitz како радикални, Бојс имаше нешто повеќе: тој имаше визија за можната иднина.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Вреди да се постави тоа прашање, зашто хипстерската стрејт-иронија денес е веројатно доминантниот начин за откинување и присвојување делчиња од главнотековната култура и за нивно преобликување во средства за културно дисидентство, преку процес кој ѝ е аналоген на машката геј-културна практика што ја разгледувавме досега.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако сакаме да го сфатиме односот на хипстерската стрејт-култура кон Џоан Крафорд и кон нејзината оскаровска улога, многу повеќе ќе научиме ако го разгледаме музичкиот спот на Дејв Марки од 1990 година за песната „Милдред Пирс“ од Соник јут отколку ако се задлабочиме во стиховите од песната на групата од албумот Гу.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во спотот има исечоци и кадри во кои членовите на групата свират на инструментите (сосе Мур, кој е без маица, а на ќосите, чудесно суви гради му пишува „МИЛДРЕД ПИРС“ со нешто што треба да биде кармин), а тие кадри се изменуваат со швенкови на натписи од киносали, со фарови од кои се гледа ѕвездата на Џоан Крафорд на булеварот Холивуд и со кадри од други локации во и околу Холивуд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, најинтересна појава во спотов е преувеличената имитација на Џоан Крафорд од пријателката на Марки, Софија Копола, која накратко се појавува во текот на целиот спот во многу кратки секвенции.406
Тешко е да се опишат со зборови точната содржина и тонот на изведбата на Копола, како и особениот впечаток што го остава.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сабетај Салтиел во неа, покрај тешкиот замолк на присутните од неговата делегација, го чувствува присуството на цели дваесет генерации покојници, нивни блиски и дамнешни предци.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Ви реков минатиот пат, вашите гробишта. Тие имаат локација во градот важна за потребите на војската и тоа треба да се искористи”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Моите амбасади без конкретна историска локација во времето продолжуваа на еден друг начин да постојат во мојот живот, како негов дел, во продолжение на моите денови од животот, во времето кога беше исчезнато нивното некогашно официјално значење, запрено само во заборавените архивски документи...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Продолжуваше мојата мисија во следењето на палестинската судбина, некогаш како дипломат, како амбасадор на државата која веќе не постои во државата која толку силно сакаше да постои.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На дваесетина локации во Љубљана летово минувачите беа изненадени со поставените бело обоени поштенски сандачиња врз кои Давиде Грасси, италијански уметник кој моментно работи во Словенија, на четири светски јазици ја “изложи” својата изјава која минувачите би требала да ги запознае со општествено-социјалниот контекст на уметникот и уметноста воопшто.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во секој случај, се смета дека формирањето на домашна територија произлегува од внатрешен територијален нагон или инстинкт, со прецизна централна локација во мозокот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)