Српскиот претседател - во тој кошмар од елементи, каде што злосторствата се прават во име на (православниот) Бог, масакрирањето на другите во име на борбата против фашизмот, каде што никнуваат концентрациони логори во името на стравот од сопственото истребување - се претвора во чудовишна икона од која секој миг беснее Хитлеровиот поглед, Садамовото мрсно чело.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
- Е токму во тие денови некој донесе писменце од тате во кое тој пишуваше дека е ослободен од логор во еден остров на море, бидејќи се јавил како доброволец и дека верува оти додека стигни писмото дома, тој цврсто ќе ги бие Италијанците...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во многу логори во светот, дури и во сталинскиот Гулаг, затворениците беа физички тортурирани, а душата, колку што тоа било можно, им се оставала на мира.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Логорот во Тајшед е блиску, речиси до пругата, а пак си мислиш далеку, којзнае до каде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во негово време, пред очите на неговите војници ќе се одвива невидениот масакр во палестинските логори во Сабра и Шатила.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Генералот Ариел Шарон, смртниот непријател на Јасер Арафат, стапи на сцена.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Адолфина, паулина, марие и роза - сал една би била вишок во драмата на чехов а сите се отпишани од тефтерот на брат им зигмунд фројд отла и кажува на адолфина дека ги довеле во логорот во терезин и дека е најдобро тука да останат што подолго отла и кажува на адолфина дека храната е еднолична, катаден супа од леќа а попатно и спомнува дека има брат по име франц кафка адолфина веќе почна во себе да го портретира кафка мачејќи се во шеширот да му ја смести ергенската несреќа - во бараката на трудниците несреќата има друго име во предвечерјето на смртта и без месечина јасно се гледа дека црното млеко не е поетска измислица под црно сонце во црна темница четирите сестри на зигмунд фројд спокојно го чекаат црниот воз кон невратот рано в зори и не го забележаа брат им зигмунд како нервозно се тртка лево-десно на перонот пред да си ја испрска совеста во ѓолчето од сестрински солзи.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Бил ранет четири пати, а при крајот на војната бил заробен и депортиран во американски логор во Франција.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Вниманието на критиката и на пошироката читателска публика го привлекол веќе со својот втор роман И не рече ниту еден збор (1953).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Татко стана вистински заробеник на оваа повеќезначна мисла на белогардејскиот руски научник кого, сигурно спасувајќи се од сталинистичките логори во Сибир, среќата го донесе крај Езерото.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)