лице (имн.) - јасно (прил.)

И за прв пат во тој ден во мижуркавото светло на автомобилската лампичка на Ернстовото лице јасно можеше да се забележи сенка на несигурност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И жален е, тоа неговото лице јасно го кажува, иако неговите очи се стиснати в мрежа, брчки на далечина, непрекината смеа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Што е водена со ќумци, и тоа оддалеку е водена, та ако го разберат ова агите – отидоа децата – почна да се жали бабата и да го гледа некако сомнително калуѓерот, на чие лице јасно се покажа задоволство, а на устите скриена насмевка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)