Сѐ уште спиев кога шепотот на утрото ми го украде сонот, тогаш кога бев само дете, но секое наредно утро сѐ до крајот ќе го барам тоа што одамна ми беше одземено.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И тој е заколнат, ми вели Оливера, ѝ свети долгунестото лице меѓу пуштената коса, црна како ѕивт.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Можеш ли да го познаеш моево лице меѓу илјадници други, можеш ли во темнината да го видиш сјајот во моите очи, а во тишината да го чуеш гласот на мојава душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во отсуство на чичко Томе, кој уште во рани зори заминал за варница, да ја ѕида на суво со сур камен и суво грло, за леб и раат на челадијата и душата, мајка му го избаци по сите страни држејќи му го лицето меѓу дланките како велигденско јајце, и долго му мавташе со марамата од главата, небаре го испраќа чедото на далечен пат во непозната земја.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)