Луѓето во лифтовите се љубезни. Се среќаваат, си климаат со главите, си разменуваат погледи, зборови, си го вежбаат бон-тонот, бијат шеги, внимаваат да не си го промашат катот.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Мартин заборавил дали лифтот се качува или се спушта.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Луѓето во лифтовите се секакви. Волонтираат како виртуоз лифт-момчиња.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
ВЕЧНО! нека плачат! 14 ехе-хе! ете тој фраер го глеаш влегува во проклетиот лифт се прославил по тоа како дошол до некои пет стапки дол стап не се зезам никој од вас го нема од пет стапки и тој влегува во - аха! ма замислете таков еден дунстер да влегува во шугава јавна куќа сакам да кажам јавен лифт?
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)