литература (имн.) - кој (зам.)

Од таквите портрети би се исплашила и родената им мајка и домашната литература која во последно време ја изгуби навиката да си ги јаде сопствените чеда.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Наскоро се пројави потреба од помошна литература која беше составен дел на истражувањата и филологот воодушевено се фрли на работа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Знаеше дека подолго ќе отсуствува од факултетот, затоа понесе дел од литературата која ѝ беше потребна за испитите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На курсевите на Браун универзитетот, низ некаков тип на колективна игра, дефинирани се следните жанрови на оваа литература која сѐ уште е во развој: географски втемеленото раскажување (како: “нашиот град”); “одберете ја сопствената авантура”; пародии на класиците; просторни поеми; интерактивна комедија; метаморфични соништа;нерешени тајни на убиства; подвижни комични книги, итн. okno.mk | Margina #1 [1994] 71
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Расказ е, почеток на расказ е“, му се спротиставив на соседот, пензионираниот професор по литература кој живееше во истата зграда во која живеев и јас, само во друг влез.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа се потресни примери на една чисто национална литература која не ги загубила општите значења.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Записите на патописците досега ги сфаќав како литература која може да содржи произволности, но денеска на камбаната во црквата ја сретнав годината 1861 и имиња на луѓе со име и со презиме кои дарувале во свое име од доброчинителни побуди и за да ја стекнат милоста божја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оттука, кога се прави антологија на раскази врзани за еден град, на пример Скопје, неминовно како дилема се наметнува онаа голема тајна на литературата која гласи: „Каде престанува измисленото, а почнува стварното?“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во балканските литератури од 90-tите години на минатиот век, јас сум наидувал на метафори од книги, без да ги изделам и европските литератури кои се пишуваат и на Исток и на Запад, во кои доминира раскажувањето на насилството.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)