Дури една сабота иде кај Пушмарка, Долзите, Зојчевци, Даута, Желчевци и други прилепски баздриѓани претставител од Челебон од Витола, Аврам Ароести од Скопје, другата сабота идат од Фараџи од Битола, Давида Леви или Мушон Кастро од Скопје и со дикат им ги прибираат, околу ужина, собраните лири и наполеони на прилепските трговци, а овие прават нови порачки.
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Бисера даде „проводиа" половина лира и ја однесе бовчата во земникот да им ја покажува утре другиден на сите роднини и пријателки, што ќе дојдат на честење.
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Кога Крсте два дена пред пазарот ѝ кажа оти татко му од десет лири не може да му даде повеќе, таа стана, отиде во земникот и му изнесе дваесет наполеони и пет лири и му ги врза (во едно крпче: — Земи, сторите арч со стрико ти Трајко, та за враќање — бидите живи, со Толето ќе се есапите.
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Шест месеци за 50 гроша треба да страда неговото деветгодишно дете на Чолаковата колиба по Сињак и Опстреница, ама му ги фатил камен нозете и ќе кандиса, па затоа рече: —    Таа се виде оти нема одборчуање, шо нема, и оти детето ќе ми трга мака, токо лели така, ќе ми придадиш ошче половина лира и 1 рало бијалци за него, та ете ти го на бог душа! Шо знајш прави му.
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  На Бина му беа малку пет лири и ја изнесе работата дури до владиката.
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  На дедот Ристета му даде половина, се сторија една и пол. На снаа му — бела меџудија. Стана лира и три череци.
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Покрај  јадењето, судењето, наложи и парични давачки — „за пашата" — од секое село, покрај оние што и собра есеноска од црквите. Му требаа на пашата бели меџудии да ја подреси уздата на коњот; му требаа лири и половини лири за ќостези на саатите.
               
             
           
            
            
              „Толе Паша“
               од Стале Попов 
              (1976)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Даме го потпиша листот за „долгот“ од 500 лири и „трговецот“ излезе надвор од затворот.
               
             
           
            
            
              „Гоце Делчев“
               од Ванчо Николески 
              (1964)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  - Ке го чувам сѐ додека не ги плати парите.
               
             
           
            
            
              „Гоце Делчев“
               од Ванчо Николески 
              (1964)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  - Пезевенк си ми ти, момче... - стана, отклучи едно вратиче од мусандрата и, свртувајќи се, одврза црно платнено ќесе, му изброја шест лири и потоа му рече: - Како претходната, така и оваа држава ни е поткуплива...
               
             
           
            
            
              „Големата удолница“
               од Петре Наковски 
              (2014)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  „Еве тоа имам ...лира и пол сѐ на сѐ!“  „Лажеш, чифутине!“ „Жими очи!“  Ножовите се иставаат.
               
             
           
            
            
              „Пустина“
               од Ѓорѓи Абаџиев 
              (1961)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Меѓутоа, кога се вратил пред еден Бадник со торба лири и со загноена рана на левата рака од туѓа сабја, по селата со восхит се шепотело дека бил ајдутин и одмаздник.
               
             
           
            
            
              „Тврдоглави“
               од Славко Јаневски 
              (1990)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Кога бил млад, отишол во туѓа земја да печали пари.
               
             
           
            
            
              „Тврдоглави“
               од Славко Јаневски 
              (1990)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Ги извади парите од крпата каде што ги имаше завиткано и му ги даде на Лумана, а тој бркна во шамијата, извади неколку лири и му ги подаде на деда Бошка:  - На, за маката.
               
             
           
            
            
              „Луман арамијата“
               од Мето Јовановски 
              (1954)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Зашто тука на површината од брегот имаше слики со хеленски лавови и медитерански јарци,  девојки со месо од песок како зрнесто злато и сатири што свират на изрезбарените рогови, разиграни  деца, расфрлано цвеќе долж плажата и јагниња што потскокнуваат по него, музичари што пребираат по нивните харфи и лири и еднорози што јурат низ далечните ледини и кории, разорени храмови и вулкани. 82 
               
             
           
            
            
              „Лек против меланхолија“
               од Реј Бредбери 
              (1994)