линија (имн.) - на (предл.)

Па заклучуваа оти е голем партиски фанатик, готов да го види умирањето на своите деца, само да не скршне од линијата на партијата во врска со прашањето на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа, се разбира, не може да се провери на страниците на „Цариградски весник“ каде што Никола Поцо имал свои пријатели и каде што, по линија на таканареченото доброчинителство, можел да има поддршка, туку во еден друг документ објавен во зборникот „Документи за историјата на трговијата на Европска Турција“ од страна на грчкиот конзул во Трст во тоа време по име Адонис Гленди.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Некаде сум прочитал, ми се чини кај Јурсенар, дека човек што страсно ја сака вистината или барем точноста, многу често може да забележи, како Пилат, дека вистината не е чиста и дека, најпосле, линијата на човечкиот живот не се состои од една хоризонтала и две вертикали, туку од три синусоиди извлечени во бескрај, постојано приближувајќи се и оддалечувајќи се меѓу себе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Достоинствениот стил на „Скантеа“, во една длабока перспективна глетка, го разбива - елисовидно искривената и хармонизирана линија на куполестата велесаемска палата, во чија далечна заднина, во фонот на оваа панорама, се издига нова населба, со згради и станбени блокови кои, по својата архитектура, претстаувааат нешто најсовремено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Се надевам дека може да се каже дека и вие ќе ѝ припаднете на таа монастирлитска светла линија на верата”, му рече со спокоен глас претседателот на синагогалниот одбор, кога младиот Елеазар бен Цви беше поставен за рабин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но сега, во врнежливите дни, тие линии на тротоарот се полнеа со вода, а баш мојата десна нога беше обосена толку, што скоро целиот преден дел од ѓонот отпадна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Иако неговиот фах не е портретот, ами мртвата природа, пред неговите проникновени очи веднаш се оцртуваат неколку леки линии на нивната судбина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Постојат и линии на одбрана коишто одат уште подалеку, тоа се електрошоковите или едноставно отстранување на заболените делови од телото, посебно од централниот нервен систем.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Го повтори синоќешното прашање на Кате, по линија на женска љубопитност ако не по интуиција на телепатска сродност.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со години стојам збунет пред бесконечниот список на имиња на ѕвезди и болести, на месеци и на денови, на села и на цвеќиња; со години се мачам да ги насетам сенките на звучната линија на македонските придавки со години си живеам во прелага дека еден ден поодблиску ќе го запознаам, поодблиску ќе ја насетам сензначноста на емотивниот и мисловен предел на македонскиот збор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
3. Р кај Хлебников претставува површина на кругот и линијата на оската.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ме нема, се гордеете ли? Вие зад чии стапки гинев, за кои стоев на линијата на животот и смртта.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Го гледав: беше речиси неизменет, како да не стареел, како да немал време да го направи тоа; само брчките на челото му беа некако поистакнати, како некој запис да имаше на челото, господин судија, како да е тоа линија на животот што наместо на дланка, кај него се преселила на челото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас му верував на Рајнер дека ќе се врати, но стравував дека очајот може да го фрли во непостоење од кое не ќе може да го исполни ветувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Долгата линија на надежта при исчекувањето ја испресекуваше стравот кој ме будеше секое утро, стравот кој не спиеше и ме мачеше и во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во длабочината на старинското огледало тие го пронајдоа и го препознаа вашиот „Автопортрет“ изрежан со фосфоресцетни линии на амалгамот на дното од огледалото.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ако се даде пример од современата француска философија има голема разлика помеѓу Дерида, последниот во долгата линија на синови кои ја оплакуваат долгоочекуваната смрт на татка си, и Иригаре, која се препознава себеси како самохрано сираче несакано од татка си.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Временската линија на традиционалното пишување овде исчезнува во простор сличен на природниот, или во безизлезен лавиринт со почетоци, средини и краеви кои што веќе не се дел на моментно (непосредно) излагање. 70 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На неа воопшто не ѝ било важно дали обичните граѓани ќе ја перципираат нејзината линија на движење или не.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Дел од левата дланка со четирите прсти била од секира одвоена и свртена со белината и со дел од линијата на животот кон небото; како да просела. Палецот останал осамен на раката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште еден чекор, уште еден, но тие напори го влечеле сега во линија на зиг-заг по бришан простор и бил точно онде кај што се исправил во атакот да ѝ појде в пресрет на смртта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ти, стар прчу“, викнав, „Ќе подаваш ли раце по сѐ што е туѓо?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Над нас мракот беше испресечен со зелени пукнатини, под нас земјата се грчеше од гнев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако ги покриев очите со дланка, ако се обидов да се одбранам од парата на неговите ноздри, ќе видев меѓу линиите на кожата намалени трупови и чакали.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Појасот со повеќебојни риги му се одмотал од половината и се влечел по него, го чинел бавен, грмушките и камењата му ја кинеле линијата на движењето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никогаш никој во животот не бил толку сотиран да умира во страв од нешто што не видел и што не сонил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето и не го виделе, сѐ уште свртени кон неподвижниот труп преку кој, им се сторило, лазеле танки линии крв и испокинати жили, додека месото под распарталената облека се отвора сама од себе и трепети од допир со студот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште еден чекор, уште еден бескрајно долг чекор, и тој ќе се најде во пријателско шарско бачило, да дише меѓу ветрови испарување на овча волна и ненасито да се обновува со млако млеко, нем и тажен до денот на одмаздата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но Онисифор Проказник подоцна се сетил со каква надеж во премрзнатите прсти старчето му ја стискало раката во исчекување дека набожен и благословен од мајката Минадора ќе го спаси, ќе му помогне да стане и да зачекори по линијата на својот продолжен живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од нивните напукнати души се цедела на секој чекор супстанцата на животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таков им доаѓал пред тоа во соништата или со тегобите: намќоросан, речиси без линија на усни, нездраво бел под небриченоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби се плашеше од тајната што ја очекуваше да ја впие со црните ноздри како мирис од засечена афионова чушка, тајна, за мене веќе помала од светот на рамностапалчестиот Марко Марикин и понезначајна од кошмарот во чии пени вријат крвави, распердушени и испокинати орли и штркови со очи црвени и слични на парче кора од печен рак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ уште се надевал извлекувајќи го јатаганот од појас: можел да стаса до својот коњ побрзо отколку гонителите до него. Многуте гласови како да го сопнувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со второто име сум станал ова што сум - и Дмитар и Пејко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но на неколцина старци, не толку високи колку суви, Онисифор Проказник им се сторил постар од своето старешинство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Туѓо?“ се исправи превисок за мене. „Твое, нели?“ Го видов блесокот на исклештените заби под танката линија на младоженечките мустаќи и ја кренав тупаницата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И небото и таа земја, врзани со линијата на ридот зад урнатиот манастир, немо ги слушаа сите наши болки зашто беа свикнати на човечки мачења какви што беа нашите - само небото во тие мигови можеше да знае кој и како умира на земјата, тоа небо на светци со мртво лице на еден мртов Јаков Иконописец и таа земја во чии мочуришта живеат острозаби чудовишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пат, гробови, на врвовите на дрвените крстови покојнички шубари - линија на сенишен појас со страшила за сеништа. До кога?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред втората ноќ на големиот пат, скоро со скок џапајќи се од нечие бладање, чудовиштето ги надраснало дрвјата и каменот и пошло со тешки и сепак притаени чекори по линија на светлост и мрак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во доцните попладневни часови, далеку некаде зад линијата на хоризонтот, Рада го гледаше невообичаеното преточување на денот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Потрепнуваат под јашмакот меките заоблени линии на младото тело.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Строгите линии на неговото лице се накршија и низ возбудливото занесно шепотење прстите на оптегнатите раце фаќаа во просатранството нешто необично, меко, нежно, податливо...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го пребарува неговото име во компјутерот, го споредува матичниот број, ми бара државјанство, ама јас сум мајчина, спремно на „готовс“, наредено секое ливче, документче, воена книшка, извод од книга на родени од пред 100 години, како и изводи на сѐ живо од прва линија на рода, крвна и некрвна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Еднаш сакаше да ти купам сламена шапка со црвена линија на работ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Уште колку е потребно да се прекине линијата на разумот...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ништо друго не е важно, јас сум само постојано меѓу тенката линија на темнината и светлината...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Но нивната уметничка оправданост и тогаш не подлежи на сомневања: развитокот не е мртва, однапред зацртана линија на израснувањето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Беше свесна дека е убава, но сепак не беше задоволна од својот изглед: челото ѝ се чинеше премалечко, очите темно кафени, а не сини, линиите на телото ѝ се чинеа преизразени...се разбира претеруваше, тоа беа некои нејзини бубачки во главата, какви што си имаше секоја девојка на таа возраст.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во тој период повеќе бев книшки внесен во сложеното палестинско прашање, во драмата на блискоисточната криза, во комплексните меѓусебни односи на арапските земји, во силните влијанија на големите сили, во стратегиската линија на неврзаните земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Макијавелистичката опција ќе го обзема и напушта Арафат во текот на целиот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ме прими срдечно, топло, како да сме се познавале многу одамна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За разлика од кривата на владетелите, со јасна линија на подемот и падот, Арафат ќе оствари повеќе такви криви на владеењето, со чести полети и падови...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најчесто сакавме да ја слушаме прикаската за подводниот змеј чие живеалиште беше токму на линијата на границата која многу години, под различни окупации, но и во слободата, делеше две земји, народи, идеологии, вери.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Линијата на западноафриканскиот брег му беше јасна во главата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Она што го импресионираше Винстон и сега, кога се сеќаваше на тоа, беше фактот дека говорникот се префрли од една линија на друга практично сред реченица, и тоа не само без пауза, туку и без менување на конструкцијата на реченицата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Границите на Евразија се поместуваат напред- назад помеѓу базенот на реката Конго и северниот брег на Медитеранот; островите на Индискиот Океан и во Пацификот постојано се заземаат и презаземаат од Океанија, или од Истазија; во Монголија, линијата на разграничувањето помеѓу Евразија и Истазија никогаш не е стабилна; околу Полот сите три сили полагаат право на огромни простори кои се главно ненаселени и неиспитани; но рамнотежата на силите секогаш останува приближно иста, а територијата што го претставува копнениот центар на секоја од супер-државите никогаш не е загрозена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Круме се сомневаше и во Ниротакис Алимакопулос, особено откако допреа до него, по линија на строго доверливо, информациите дека тој би можел да биде учесник во организираната трговија со луѓе и криумчарење мигранти преку тајни канали на јужната граница.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се загледа во полната месечина на која се оцртуваа линии на човечко лице: нејзе ѝ се причини дека тоа лице првин ѝ се насмевна со подбив и закана, потоа се смршти, се стемни, дека светлината истече низ некој дол од другата страна на темната планина чии сртови едвај се забележуваа како грб на огромна камила.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И по тоа што кога ќе ме погледнеше, за миг ме гледаше интензивно, а потоа го тргнуваше погледот, а најмногу по говорот, по отвореноста и должината на самогласките, што, се разбира, е одлика на сите од овој крај, ама во случајов и бојата на гласот беше иста, и поставеноста на забите, и линијата на усните.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
5.2 Јас не знам да војувам. Јас болувам и самувам И плачам за вас ближни мои И ви велам И си велам: Доаѓа часот да се прочита бескрајноста На морето Да се состават букви од скршените линии На хоризонтот, Да се седне на островот и да се самува Под осамено дрво Што говори со древен јазик.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Во миговите кога ја минував линијата на границата, меѓу двете држави, но кои делеа и ист народ, имав чувство дека, дефинитивно, останувам посиромашен за најголемата илузија со која Татко а, подоцна, и Мајка, живееја до нивното заминување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зад таа невидлива линија на која брановите, одвреме навреме, ѝ го менуваа местото, се криеше новиот предизвик на судбината на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не ми беше лесно да го разберам Мајкиното учество во балканската историја, посебно односот кон сложеното „албанско прашање”, како и кон границите, тие проклети линии на делбите, таа пајажина пред и околу луѓето, како што таа често, гласно или шептејќи се изразуваше за нив, особено откако ја напуштивме родната земја и станавме засекогаш емигранти на животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Братот велеше дека тоа не е можно, зашто на стеб­ло­то се назначуваат имињата, а не и самото време, линијата на границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најпосле, стигнавме на самата гранична линија, на линијата на која се судираа две времиња, две идеологии, надежта и безнадежноста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Небото над Езерото го осветли линијата на силна молња, па се зададе и силна грмотевица, небаре ја разнесе сета собирана тишина на Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Оди до масата, зема од кесето јаболко, загризува со уживање. запознавање... F-дур Тој е висок убав маж во избледена облека, црномурест, со брада, има црвена линија на вратот: - Простете, ве молам...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Нивната линија на светот - која ќе си земеме слобода да ја наречеме нивната линија на приказна -
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Вљубени во бреговите и плажите, ртовите и гребените, карпите, полуостровите и линиите на брегот, тргнавме последниот ден од рамазанот, откако успеав да го совладам егзотичниот менувач на реното, низ буганвилии и низ заслепувачката сончева светлина источно од Тангер кон карпите на ртот Спартел, кадешто Гибралтарскиот теснец се сретнува со Атлантскиот океан, а од таму покрај брегот кон југ низ со риба богатиот Асилах до од пат тргнатиот крајбрежен парк наречен Дипломатска шума, кадешто застанавме за да пливаме.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
После ќе гаташ над моите рецки над испрекинатата линија на судбата срочена во 64 хексаграми на енигмата а тој ќе вметнува во ребусот по некоја права, проста, прозна и позитивна цртичка. Машки синопсис!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во исто време, забрзано расте бројот на оградени заедници и згради со контролиран влез, или како што истакнува Антонио Негри: „издигнувањето на ѕидовите кои ги оградуваат зоните каде сиромашните не смеат да влегуваат, дефинирањето на просторот на гетата каде очајните на земјата можат да се собираат, дисциплинирањето на линиите на транзит и 57 Gary T. Marx, “Some Conceptual Issues in the Study of Borders and Surveillance,” in Global Surveillance and Policing: Borders, Security, Identity, ed. Elia Zureik and Mark. B. Salter (Cullompton: Willan, 2005), 14. 44 контролата која го чува редот, превентивната анализа и практикување на задржување и прогонување на можните прекинувања на кругот“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Апсолутната големина на јавниот физички простор се намалува, бидејќи истиот постојано го заземаат приватните претприемачи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
4 Според Прескот, boundaries се линии на демаркација на државната територија и на многу места тие ги имаат заменето frontiers, како „зони со различна длабочина кои означуваат политичка поделба меѓу две земји или политичка поделба меѓу населените подрачја во рамките на една земја“. Овие два термини не се синоними.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Глобалниот град се појавува како нова граница, гранична зона (како простор создаден од дисконтинуитетите, во кој дисконтинуитетите добиваат терен наместо да останат линија на разграничување) што резултира во создавање на нова топографија на централност и маргиналност, „којашто ги надминува националните граници и старата поделба на Север-Југ“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Високите кругови на глобализацијата се карактеризираат со мобилност на висококвалификувана работна сила, дигитална размена и децентрализација на производството; во исто време, протокот на глобалниот капитал бара инфраструктурата да биде централизирана во глобалните градови со голема популација на нискоквалификувани работници кои се потребни за опслужување на инфраструктурата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Половина ден пат одење - е првата линија на фронтот и смртта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ете, вчера, на пример, иако наредив - никакво движење по целата линија на одбраната - не ме послушаа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И додека борбите се водат дење и ноќе на првата линија на фронтот, владината војска удри на Лисец, срцето на целокупната одбрана на Вичо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во нула-нула часот и триесет минути на 21 август, подвлекувам и запамтете добро, во нула-нула часот и триесет минути низ направениот отвор во одбранбената линија на противникот тргнува главнината на нашите единици.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зборува смирено, напати со доверлив глас, излезен од линијата на инструкциите. Јас и натаму упорно молчам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Х.Х. сигурно во тие мигови жалеше што не можеше да пребарува во моите мисли, да ја храни Централата со нови податоци за моите реакции, додека молчев загледан во линијата на хоризонтот која ја искривуваа белите облици на издадените бункери кои навистина ми се видоа како голем ѕид. Балкански ѕид.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не очекуваше дека толку многу ќе застранам од линијата на предвидувањата според неговата шема.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сепак, во последниот момент, пред самото излегување, по силно двоумење во себе, му се доближив повторно, но сепак на крајот се предомислив, одложив за еден ден да се раздвижи една друга линија на проклетото полициско прогонување...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ги минав чекорот, два до линијата на границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бидејќи фронтот овде мируваше долго време, војската имаше време да го изора ридот со ровови, како по линијата на фронтот така и во правец на отстапниците и пристапниците што обезбедуваше максимално добро функционирање на војничкиот живот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Колку што можеше да процени во тој правец надолу се опушта линијата на фронтот, заклучи дека селото на Тетинот е од оваа страна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Всушност, бидејќи Французте беа добро засолнети, малку можеше да се види, но според прикаските, нивниот живот во споредба со животот на оваа страна на линијата на фронтот беше скоро оперетски.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
По линија на АФЖ одам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И започнуваше една убава, необична игра. Детето галопираше со коњот, држејќи се за линијата на која морето се допира со копното.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)