Според дедовото кажување, семејната меморија за границата почнуваше уште од времето кога се разделија Западното од Источното Царство, Римското и Византиското, кога се означи првата гранична линија меѓу предците католици и православните.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Познато е дека луѓето под маска доживуваат еден вид транс, затоа што се наоѓаат на тенката линија меѓу идентитетот и алтеритетот, меѓу она што сум јас и она што ме прави маската (не-јас); во таа двосмисленост на идентитетот (како и кај проклетиот формулар што се вика пристапница) се состои трансот, карневалското чувство на еуфорија; во такви услови анално-гениталните опсесии стануваат неминовни (по тоа не се разликуваат партиите и карневалите); и треба да се види допрва зошто двојството на идентитетот, по правило, кај сите народи и култури, се сврзува со анално-гениталната метафорика.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И беше мачно, о боже, колку беше мачно да се повлекува тажна линија меѓу сите тие мириси и струи, меѓу окца и младици, меѓу свирки и светлини.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)