лик (имн.) - на (предл.)

Се приврзуваме за ликот на таткото кој, дипломец на цариградскиот универзитет, ја напуштил можната кариера во администрацијата на новата турска држава и покрај препораките на Ататурк.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Та јас сам можев река од крв да пуштам да тече по Балканот, - рече тој и при тоа одеднаш му набрекна вратот, ја крена главата и јас се најдов лице в лице со лик на страотен јунак од сказните. Наши.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ликот на кираџијата му беше познат, но каде го беше видел, не можеше да се сети.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Нивните колебливи од аспект на доверба сведочења, субјективни и под влијание на повеќеструки мотиви поставени во ист ранг со можното, но не докрај дефинирани, од ликовите на Бунар прават загатки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Наеднаш сериозниот скочанет лик оживува и почнува да се насмевнува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Елеазар бен Цви пред очите ги гледа ликовите на првите владетели што во новата земја ги обединија еврејските племиња и на свештениците на единствениот бог што водеа битка со првосвештениците на паганските култови на богот Баал и на божицата Астарте, ги гледа нивните жртвеници и необични ритуали во кои на овие божества им жртвуваат крвни жртви, обезбедувајќи, по сите колебања и пресврти, доминација на единствениот, на Мојсеевиот бог и на неговите свештеници, на рабините од древните времиња благословени оттогаш, па сѐ до денес, сѐ до него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го виде Германецот застанат на прозорецот, и насмевнат, оддолу, владиката ја крена раката со владичкиот стап во знак на срдечен поздрав.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дома, во замолк, тој си признава, но само себе: така, може!  И пак: Ликот на Јомтов Јакоел правниот советник на Еврејската општина гледа од црно-бела слика.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беше тоа едновремено и болка и пизма, и љубов и гнев, во секој случај Карер почувствува едно силовито зрачење од ликот на високосвештеникот што и него го ободри и го исправи на столицата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ликовите на Фелини се повеќе Италијани од самите Италијани.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Bad Lieuten­ ant на Ферара е автентичен лик. Друго прашање е дали е подобен.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Трпеливо ја слушавме свирката и песната, додека низ салата проблеснуваше некаква таинствена светлина, која само на мигови ги откриваше ликовите на младичите и девојките, а веројатно и - нашите...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но Соколе не ѝ одговори. Пред неговите очи трепетеше во сјајот на електричната светлина ликот на девојчето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Првите денови уште му излегуваше живо пред очи ликот на Лила, го вовлекуваше таа негова сила на претставување, му создаваше илузија на нејзиното присуство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
manirism Генеалогија на револуционерното Ликот на Пармиџанино го создаде ликот на европскиот манирист а едвај препознатливиот простор што лебдее околу него извесно претставува поетски лавиринт, иако сѐ уште и божји.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Со Fallen Warrior (1970), тој ги карикира ставовите на ликовите на Мур (Henry Moore), ракувајќи со пародијата како со оружје кое ќе го употреби против скулптурата, а нема да ги поштеди ниту пријателите, како на пример Ричард Лонг (Richard Long). Маргина 34 29
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Исто така, до нив допирале и информациите за неискреноста на соработката меѓу ЕАМ и СНОФ бидејќи “словенските жители“ сметале дека тоа е „само стар волк во јагнешка облека- грчки добитен национализам толку добро познат и застрашувачки, лажлив и преправен во ликот на ослободувањето“.338
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Веќе следниот ден Поп отиде во американскиот културен центар во потрага по литература, а Марсо и јас почнавме да го промовираме ликот на Маклабас во „Неидентификуваното шоу на Калиостро и Кракатау“ измислувајќи безброј мали епизоди во кои Маклабас се појавуваше како лик на здивен балкански политичар кој освестувајќи се за реалноста на нештата се повлекува во шумите на „Маусдонија“ и почнува да живее како диво суштество кое себе се става во улога на извршител на некаква сопствена ирационална правда.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Бавењето со ликот на Хитлер во тоа време повеќе беше некаква провокација за зацементираното официјално културно миље и пред сѐ провокативно испитување на цензорскиот амбиент кој во тоа време како да почна да ја доживува својата прва кризна фаза.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога тој ја преземал власта над веќе распаѓачкото царство, имал дваесет и четири години, бил мошне чувствителен, даровит и доволно образован „романтичар“, еден од оние „проблематични“ младешки ликови од галеријата ликови на Понтормо.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Телото сосема му клонеше. Но копнежот по незаборавниот лик на убавата мома, со некаква скриена сила му ги движеше уште нозете. ...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Имаше празнина во тоа негово создавање ликот на девојчето, па ќе му се обрнеше на Денко со некое заобиколно прашање, сѐ со цел да дознае нешто повеќе за изгледот на Елена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се насмевна, а мислите веднаш му го донесоа пред очи драгиот лик на дедо му.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Насловните ликови на филмот на Гринавеј “Готвачот, крадецот, неговата жена и нејзиниот љубовник”, по истиот ред откриваат: еден итар мајстор-естет, еден тиранин-незналица, неговата угнетена и снажна женка и нејзиниот резигниран истражувач.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Им рече... ја гледаат збунето Гегите неа: лик на природата сама...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Како што е изнесено во почетокот, настаните во романот, починувањето на таткото, го ослободува главниот лик на нараторот од зависноста која би го лишила од финалниот триумф над противникот (тоталитарната идеологија) која го примора „големиот губитник” на егзил и на еден повлечен живот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зашто, ако овој писател со истата леснина како и Исмаил Кадаре се ориентира во лавиринтот на балканскиот простор и време, тој со Данило Киш ја споделува величината на највозбудливиот омаж, посветен на најпотресниот лик на Таткото: во романот Градина, пепел на Киш, незаборавниот Едуард Сам настојува да го состави универзалниот возен ред, додека таткото на Старова сака исто така да оствари еден колку огромен, толку и хемерички проект:
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А рускиот атеизам? Најдобро може да се разбере кај ликовите на Достоевски.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мајка се роди сираче. Не го запамети ликот на својата мајка. Живееше добро со маќеата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ќе откриеме и дека големата вредност на традиционалната машка геј-култура лежи во некои од нејзините најпрезрени и најкудени одлики: машката геј-женственост, обожавањето диви, естетизмот, снобизмот, драмата, восхитеноста од гламурот, карикатурирањето жени и опседнатоста со ликот на мајката.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Десет и дванаесет катници и повисоки – тоа е новиот лик на градот во најблиската околина на пристаништето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ја нема големата нива, но за тоа на тоа исто место има големи станбени згради кои го надополнуваат ликот на новиот, за разлика од некогашниот, сега непрепознатлив, Драч или Дуреси.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Што се однесува до гемиџиите, нема потреба нашироко да се објаснува колку моралниот лик на оние што останале живи бледнее пред херојските ликови на еден Орце, Коста, Мече, Пингов, Трчков, Цветко.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Маќеа сакаш татко да ни донесеш, сакав јас така грубо да му речам, но во тој момент ми излезе пред очи ликот на учителката Вера и не знам зошто тоа „ маќеа“ не можев да го поврзам со неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И тој лик на несреќница која се влече по улиците, а никој не знае од што, каде и како живее, добро ни е познат од божјачката историја на нашите градови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Потоа ќе те сретне вториот сосед и ќе те праша дали со тебе долетуваат или сами од себе се појавуваат од земја камените глави од Месопотамија, глинените садови од долината на Нил, бронзениот лик на Ацтечкиот крал, амфората во која се криел синиот тамарис на Сафо, мермерната плоча од Анталија, црвената грутка од Долината на монасите од Кападокија, молитвениот камен од Радика во кој и сега коленичат Богомилите, црниот камен од вулканот на Санторини, или шарата со проклетствата на Перун од Ел Тепе?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Меѓу многуте „претставници“ на божјаците од прозата на Ренџов, се паметат ликовите на Сане Сандин од Човекот што го немаше во законот, Ефрем Ефремов од Сенка, Невена, Ристосија и Кијмет од истоимените раскази, Мише Сечко, гулабарот од Светиот дух и др., но меѓу сите нив по својата уметничка впечатливост особено се истакнуваат Сане Сандин, Невена и Кијмет.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во третата фотографија млада жена го препознавам ликот на една моја поранешна девојка, со која ме спојуваа екстатични мигови на телесна страст, а ме оддалечуваа баналните љубоморни потпрашувања.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во ликот на мојот англиски Мефисто, Ј., можеби прижелкуван намерник од подсвеста, е онаа со која на велосипеди се втурнуваме во тајните дискотеки, на граматички исправните професорски parties, во црквените прифатилишта.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Покрај оделото и темната вратоврска, старчето има добродушен лик на престарен вујко и сосема семејно ми ги подава кадифените албуми, што и самите би се чинеле домашни, да не се позлатените букви и везот по рабовите, со кои добиваат нешто неприродно, наместено.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Некој би помислил дека во ликот на Лемо се крие човек - поклоник на лоши пороци.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога по завршувањето на претставата, во гардеробата ќе ја праша зошто така лошо го интерпретирала ликот на Јулија, таа му се исповедала: „Вечерва прв пат во животот, ја проѕрев шупливоста, лагата, будалаштината на празната приредба...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
(...) Авантуристичкиот лик на големиот литерат Марино можеби и не е некаков крунски сведок, но тој кнез на ласцивноста барем нè донесе до препознавање на некои симптоми - еротската опседнатост која на „маниристичкото делување“ му дава специфични импулси.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Овде, значи, не се „пресвртува“ само платонската идеја за Љубов - туку ad hoc се извртува и христијанската морална теологија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Речиси секогаш, кога во бран ќе ја облееше блажена страст, пред себе го имаше исколачениот лик на намуртениот Никодин.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Виктор, онака мамурен, се исплаши кога над себе го виде ликот на Ивона.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во ликот на Виктор се отсликуваше Томовата младост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Поголем дел од дворот беше засаден со зимзелени дрвца, вкусно обликувани во геометриски фигури и ликови на животни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Што да ви кажам, излетени вицеви, шкарт песнички и на крајот триумфално доаѓа најсаканиот дедо, во ликот на вршител на должноста Петар Стојковски-Бабец.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Јас ќе го внесам него малку подлабоко в земја, рекол свечено како да се колне пред лик на светец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со години луѓето на Кукулино го прераскажувале настанот на тој ден; внуците дочекувале внуци и се сеќавале на прикаските од детството: пред жените во црно одела со тврди чекори игуменијата Минадора во арамиски објала и со неголемо знаме - златен и збрчкан лик на модро платно со црвени рабови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Суровата игуменија Минадора рекла со скаменето лице неколку утешни зборови и го развеала манастирското знаме со извезен лик на маченикот Никита.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој сонува да ме внесе во својата куќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тој ист вторник, иако очајот и плачењето не стивнувале, жените, дури и оние самохрани леунки и трудни вдовици наполниле неколку карти со ракија од диви круши, од грозје и од цреши и натовариле на две магариња дисаги со леб и лук, па една по друга, секоја со запалена борина во рака, пошле да ги пречекаат последните од дружината; да ја плашат со оган и писок чумата или улерата, болештина што им била позната на дедовците, еднаш, којзнае кога, додека и пците бегале од злото и се јазеле по врели карпи далеку од сите човечки патила, и побеснувале, и станувале гозба на волчи свадби или се здружувале во глутница со ревење да ги заплашуваат чобаните и бачовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сличен на мудроумен и видовит старец, збрчкан од тежини што му ја притискале преморената душа и бушав од игра на ноќни ветрови, Лозан Перуника дошол на испотен шарколија и ги избројал пред насобраните луѓе и жени гробовите што живите од дружината им ги ископале на мртвите: останале патем рабите божји Дмитар-Пејко, Неделко Шијак, Јанко Крстин, Пеце Димовски, Борис Калпак, Симон Наконтик, Онисифор Мечкојад, Куно Бунгур, Пандил Димулев, Никола Влашки, Сандре Самарија, Самуил Пендуш, Филип Макариев, Никифор Ганевски, Илчо Просинек, Каменчо Скитник, Орлен Шумков и Јаков Иконописец, кои со ранетите Чучук-Андреј, Метуш Батковец и Цене Папчев можеле да бидат прогласени за дваесет свети и пресвети маченици, безбедниот Јаков Иконописец, без тој апостол со душа на вероизмамник од чиј оган горел Круме Арсов (ако починал, бог да го прости), и отишле или бегале од дружината Васко Тушев, Цуцул Мицковски, Осип Сечковски, Салко Вадидуша, Трипун Караѓоз, Гидоен Кузмановски, Блаже Задгорец, Марко Марикин, Пане Долгманов, Кирил Сукаловски, Јордан Шоп и последниот, сѐ уште негде на пат, Спиро Првославец, ако е некој виновен - господ нека му суди и се враќале со камења за неколку воденици и со тројца ранети Онисифор Проказник, Јован Стојче-Столетников, Герасим од Побожјане, Богдан Преслапец, Лазар Аргиров, Наџак-Јанко, Арсо Арнаутче, Цветко Грнар и Богоја Гулабарин, споулавен и зол колач на беспомошен раненик, и еве го него, Лозан Перуника, гладен и жеден гласник, од чие бавно и тешко редење на имињата до бога раснеле тажачките на жените и плачот на децата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ликовите на двајцата се сплескуваат, се обезличуваат, се потопуваат во ноќта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Слушај, му реков еднаш в крчма, слушај, јас сум измама и помалку сум вреден од најлошиот лик на твоите платна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Жал ми е ако крвта не ме предаде и ако не влезат прогонувачите; ќе сфатат и ќе стрелаат во ликовите на платната.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но и без да погледнам знам дека куп подвижни кумулуси го составуваат од бели облици ликот на големиот Сталин, од студентските дни Јосиф Висарионовиќ Џугашвили. Тој, ти кажувам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Ќерко, тоа беше последен пат да те молам да ме следиш на пијано. Се изрезиливме.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но тоа му даваше можност да ги искушава луѓето на тој начин што со нокотот ќе црта крстови и ќе ги претвора во злато.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мора да ѝ се случуваше нешто ужасно, ја тепаа или чувствуваше дека е болна и токму кога Нора ќе запееше нешто од Форе, а јас на пијано, загледана во толку среќниот Луис Марија, налактен на крајот што му правеше нешто како рамка околу него, тој загледан во мене, задоволен, со лик на кутренце, чека да ги чуе арпеџата, двајцата толку близу и толку вљубени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш врагот, кој дотогаш, закачен со опашката за катарката, висеше со главата надолу и, невидлив, гледаше што се случува на бродот, веднаш го зеде ликот на тој човек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На многу слики на кои беше сликан, ги кинеше, ги ништеше, не сакајќи да си го гледа ликот на фотографијата; веруваше дека тоа коби смрт.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Некогаш токму љубовниот концепт подразбира апстиненција!) И затоа: МИЛИТАРИСТИЧКИ ОПУШТЕН и ОДГОВОРНО АНАРХИЧЕН е ликот на секој чесен („)маргиналец(“)!
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И секогаш да ја носиш таа прекрасна насмевка на лицето, на која, сигурен сум, и птиците ѝ се насладуваат и надалеку низ песна ја раскажуваат, и ветрот со радост ја пресликува насекаде, во секој облак и поток, во секој морски бран, на површината од секој океан, облагородувајќи го ликот на земјата со тебе...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Нивните имиња, од разбирливи причини (некои од нив се и живи) се модифицирани (но сепак препознатливи).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Низ романот дефилира и галерија препознатливи ликови на интелектуалци од Македонија, од двете парадигми (конфесионални), но и галерија ликови од јужнословенските и балканските интелектуални средини, кои на овој или на оној начин учествувале во балканското вавилонско прашање.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Маѓосан од непревиденото откритие, со сува уста и суво срце, додека мажлецот во моето грло бабреше и ми го запираше здивот (сеедно, сега живеев само со очите), помамно го отсликував во секое свое делче ликот на жената или толкупати ја намножував колку што може да има клетки еден обичен човечки мозок.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но и без да погледнам знам дека куп подвижни кумулуси го составуваат од бели облаци ликот на големиот Сталин, од студените дни Јосиф Висарович Џугашвили. Тој, ти кажувам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Александар му ја подаде банкнотата со ликот на генерал Стојан на обезбедувањето на вратата на Златно славејче.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Избори нови повторно се ближат сомнителни ликови на гласање се движат за поголем процент редовно се грижат па гласови мртви во кутија нижат О Тешкото...
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Пред очите и излегоа светите ликови на мајка ѝ, татко ѝ, брат ѝ, а како последна утеха ѝ излезе ликот на нејзиниот избраник Стојана со целата негова овчарска младост, свежина, бујност и убавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Судбината на централниот (или: единствениот развиен) лик во романот – ликот на Ервехе, фокусот низ кој се прекршуваат и ломат дофатните и недофатните зраци и котелци на приказната, се разгрнува низ континуирани и системни настојби на Мајката, означена како браник на семејството, да се опстои покрај сѐ, покрај силните и жестоки удари на суровата стварност.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Помолча отец Иларион, отпива од виното и продолжи: - Свети Јован Златоуст вели дека душата човечка е дух умен, беспримерна и неописива убавина, самовласна, света, суштина сродна со небеските и бестелесните битија, вечна, бесмртна; слична на бога, зашто го носи ликот на својот Творец. А животните таква душа немаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Влегоа во црквата и игуменот задоволен што покажуваат интерес, почна да им ги покажува фреските; ликовите, сцените, композициите исликани од даровитата рака на вдахновениот мајстор Трпо зографот; извонредниот лик на Христос Седржател на параклисот со Божествената литургија во која учествуваат и ангели, носејќи свеќи, кадилници и рипиди; потоа фреската на Богородица која го држи малиот Христос в скут и ги шири рацете спасувајќи го небесното и земното царство; фреската на св.Козма Поет, старец со долга бела коса и брада, со свиток во раката воспевајќи ја мудроста на книгата, духот на творецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Општата недоумица не е достаточна да се измени ликот на жената предизвикот на вратот „Во извесни случаи архетипот е штетен по...“ или: „Култот е органска материја не се губи – се преобликува“ и сл.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Со време се менуваше ликот на далјанот. Реката запрена среде, при силни води ги поплавувала блиските полиња.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ликот на таткото, околу кого се артикулира Патот на јагулите, е од номадска природа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Можеби зашто се „навлеков“ на нив, слушајќи го татко ми, кој беше мајстор да ги оживее писателите и нивните книги токму со надоврзани детали: ...какви корици има „Лав Толстој“ на Шкловски во издание на „Минерва“ (три книги во тврда кафеава подврска во картонска кутија со ликот на Толстој)... од кога Виктор Борисович почнал да се стриже „брич“, а од кога Мајаковски... како на очите на сестрата на Љиља Брик, Елза Триоле, Арагон им посветил цела книга... како на комунизмот му служеле Арагон, Бретон и Пикасо и како поради тоа се скарале...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Замисли си, да го видиш ликот на мајка си, или на онаа која ти е прилегната до срцето, како се лелее под површината на водата а нема сили да се измолкне надвор и вистински да се покаже.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Замисли си, оној Црвенокос ѓавол, како што го крстила Сузи генералот Ролан, го довел својот пријател генералот Јенков во приемната соба на Сузи, и го замолил на најосветлениот ѕид да го наслика „Изгонувањето од Рајот“, се разбира со ликот на Сузи како лик на Ева, а за ликот на Адам се предложил самиот себеси.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јенков ја нацртал таа слика. Сузи била преставена толку уверливо што Генералот заплакал од радост, иако, како што тврдел самиот, никогаш во животот немал плакано од толкаво задоволство.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Многу е тешко да се направи лик на виновник обвиен со таинственост.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ликот на Доне, а снагата на Чана или на некој предок од нејзина страна поголем и од неа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тука се наоѓа итинерерот на татковиот егзил. Тука се и дилемите на таткото, како централен лик на сагата: дали да го продолжи патот на семејството, и да се вкорени конечно на бреговите на Босфор, или да се врати на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тој од паричникот извади илјадарка, плукна токму таму кајшто беше ликот на кралот, му ја залепи на чело на Дуро, стариот кларинетист и му рече: - Бајрачето, свири го „бајрачето“!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Врз иконите над олтарот и ликовите на светците простум застанати на ѕидовите - разиграна е мрежата на пламенот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во зениците се разигрува пламенчето и низ набабрените солзи го гледа замаглениот лик на Богородица.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И над сето тоа наш рој од желби: пламењето од сите ридишта ветрот да ги наведнува во поклон и врз вдлабнатите гробови крстовите од црн бор и бела бреза да болскаат во пурпур, а пламењето на Грамос да имаат круни и секој од гробовите да има лик на крал...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги имаше и ликовите на словенските светители - свети Кирил филозофот и Свети Методија, ама и нивниот ученик Свети Климент, чие чедо беше и самиот тој, како што му рече еднаш Марин Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Марин Крусиќ се покажа другар, и сенката што паѓаше врз ликот на Атиџе, тоа дека таа е најверојатно од друга вера, вешто ја осветлуваше со некои ведри, иако лесноумни забелешки.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- И јас сум му благодарна, - искрено вели Весна и гледа негде далеку во планините, како да се мачи да го согледа негде добродушниот лик на Мирчо од Брегово.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)