леунка (имн.) - жив (прид.)

Од секаде насекаде ѕиркаат, заѕидани како јајца како леунки живи закопани: тие на овој, погледот на оној свет.  Крвави се темелите на великите крепости, надтежнати од засирените солзи на жртвите.  Човекот е логор на гледачи - притаени воајери.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)