Во текот на тоа лето наеднаш омекнаа цртите на нејзиното лице, кои таа целиот свој живот ги остреше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Со погледот кој наместо некогашната продорност сега имаше нешто што наликуваше на нежност, а беше дезориентираност, со усните кои наместо во собраност се опуштаа во краевите и се спуштаа надолу, веќе не личеше на себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)