Како било и што било, што се прават тамошните луѓе штркови, другаш ќе ви кажам, браќа им рекол Силјан, сега згора-згора ќе ви кажам оти и јас се сторив штрк на двапати и едно цело лето сум ви седел овде на нашава куќа и сум патил триста маки; арно ама не верувам да ми верувате оти сум бил штрк.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
- Море, ами кој е тој будала што ќе те веруа, бре Силјане - му рекле селаните - оти си бил штрк!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Како било и што било што се праат тамошните луѓе штркои, другаш ќе ви кажам, браќа - му рекол Силјан - сега згора - згора ви кажуам оти и јас се сторив штрк на два пати и едно цело лето сум ви седел овде на нашава куќа и сум патил триста маки; арно ама не веруам да ме веруате оти сум бил штрк.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)