Неодамна, кога цел ден лежеше болна в постела, ѝ прочита една приказна за сеништето од долот, и ѝ испече лепчиња на пирустија.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Таа ми го подава лепчето на мојата душа, топлата погача на здивот на родниот дом.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не, јас пеам само за мојата мајка. Таа од далеку ме следи, јас ја препознавам во мојата тишина, која другите не ја разбираат...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Чудно што засвиреа токму таа ноќ и ја потсетија на заветот што ѝ го даде на мајка си, заветот дека ќе ја крепи куќата дури може.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)