Родителите го носеле по лекари и болници. Ќе му го оперирале рокчето, но по извесно време, пак почнувало да му се јавува, да му расте.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кој ќе ѝ даде капка вода, беше рекле лекарот и командирот, тој си ја потпишал смртната пресуда.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не сум знаела и што рекле лекарот и командирот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
БАРБОШИН: (на Мешаев.) Според некои надворешни знаци, што му се достапни само на опитното око, можам да речам дека вие сте служеле во флотата, дека немате деца, дека неодамна сте биле на лекар и дека ја сакате музиката.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Сите беа радосни. Лекарот и Марија беа задолжени за програмите што ќе се пуштаат пред пациентите.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Го видов на телевизискиот екран стариот палестински раиз како стапува на француско тло, истоштен од болеста, со белата нарасната проретчена брада, со изгубениот сјај во очите, со задржаната насмевка, како на жива статуа, со живост задржана само во влажните очи, во пиџама, со сина волнена капа, во придружба на туниски и јордански лекари и неговите најверни соборци од претседателската гарда.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој нема да го доживее враќањето на ластовиците во Рамалах, во неговата втора Картагина во урнатини.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Со неа беа син ѝ лекарот и ќерката...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мирче: Ајде. И јас ќе бидам лекар и ти. А имаш ли игла?
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Борхес и Марија го напуштија Буенос Аирес во ноември 1985-та, откако со биопсија беше утврдено дека болеста е неизлечива.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ракот на црниот дроб кој на крајот го дотепа беше тајна што ја знаевме само јас, неговиот лекар и Марија Кодама.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кога го посетив, три недели порано, Марија ми рече дека Борхес е одлучен во намерата да не се враќа во Аргентина.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кратко време минаа во Италија, а потоа се стационираа во Женева.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)