лајтмотив (имн.) - на (предл.)

Во тесна врска со религиозното чувство кое провејува низ книгата - кое не го загрозува, туку само го зголемува нејзиниот уметнички впечаток - е темата на „божјите луѓе“ како комплементарна со тоа чувство, теми која е централен лајтмотив на оваа книга.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Новата песна што требаше да биде лајтмотив на Неделата на омразата (се викаше „Песна на омразата“) веќе беше компонирана и бесконечно се емитуваше преку телекраните.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лајтмотивот на „Билјана“... се провлекуваше за сето време, додека се појавуваа пејсажите на охридскиот брег: Свети Наум, Струга, Калишта а потоа и песочните плажи на Преспанското Езеро, височините на Пелистер, убавата Битола, во која, како што раскажа спикерот, се задржала по неволја, една француска брачна двојка, која минатата година заминала на одмор во Охрид.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)