ластар (имн.) - на (предл.)

Значи, играта претставува долгогодишно истражување низ ластарите на нашите сознанија и сензации, за она што сме и каде сме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Анѓелите од ластарите на очите не си верувале за умеењето на копаничарот зборувале.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А ангелите по ластарите на лозата седат со побожно внимание работата на копаничарот ја следат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Од нејзе како од тврда карпа се појавуваше ластарот на животот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ненадејниот импулс да го исклучи цревото за полевање, дојде како наредба од Домаќин, која сега лежеше свиткана среде ластарите на краставиците, само на дванаесетина стапки оддалеченост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А јас би сакал да слезам од овие ѕидишта по славејот што клука под стреата по шумот на водите по ластарот на лозите зашто уште копнежот клука и времето ме јаде да слезам да истрчам да избегам во просторот во просторот зрачен потопол од сето време.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)