Откако сѐ извадија од ковчезите и купија од дуќаните уште дарови не само за зетот и за неговите роднини, туку и за сите што беа поканети на стројот, и се послаа простирките и по должината на целиот двор, пред лицето на куќата, од каде што ќе доаѓаат гостите, таткото нареди да се запалат фенерите на улицата и ламбите во одаите во чардаците, макар што не беше стемнето и се гледаше добро од дневната светлина...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И може секој да лаже, ама очите, спуштените капаци што ја голтнале шминката, а таа не сокрила ниедна од брчките и само кога долго ќе трепнеш, плус со задршка, ќе заличат волшебно Тие и сјајот во нив што некој го изгаснал, исто како ламба во мракот што со плесок на две раце се гаси.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Во таа ноќ додека главите на непокореноста заседавале, помеѓу две ѕидни ламби во куќа на угледен домаќин, меѓу нив и Питу Гули со пресна дупка од куршум во слабината, некаков Татар или Монгол или Черкез и пак со име Татар, турски дезертер и негов приврзаник, му го повел белиот коњ да го напои од бигорното корито на чешмата во дворот на една од неколкуте цркви.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Просторот осветлуван од ламбата, кругот на неговите ноќни читања беше просторот на татковата постојано освојувана слобода, хоризонтот на нашата слобода крај една жолта светла ламба во темнината на неизвесната балканска ноќ пред светлината на денот!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ја изгаси ламбата во собата, го отфрли чаршафот од снагата и го одвитка турбанот од главата, па ја навлече преку глава летната ношница; но и при слабата надворешна светлина Боге ѝ ги наѕре како низ пајажина познатите, а сепак пожелни облини.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На едниот од екраните се појавува необичниот лик на Призрак, поправо точки светлина, би помислил човек пречки, снег, видео-арт...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во тој момент затреперува сигналната ламба во специјалното засолниште. Аларм!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Беше речиси полноќ, а жолтата ламба во татковата библиотека не престануваше да свети.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Треба да му се однесе ламба во собата, и тоа онаа убавата, порцеланската со насликан афион и со топка од матирано стакло, намерно тргната настрана за него.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Девесницата ја искриви устата, го ничкоса погледот, небаре ја гледа потстанарот, па продолжи: – Земете ја ламбава.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)