Си беше во ателјето, по утринското кафе и препеченото лепче танко премачкано со кравјо масло и прелеано со лажиче багремов мед, шуткајќи се меѓу кантичките со бои и ќупчето со шпахли, застанувајќи одвреме - навреме пред платното и обмислувајќи го првиот потег.
               
             
           
            
            
              „Синовски татковци“
               од Димитар Солев 
              (2006)