И никогаш нема да разберам како си дозволи да го направиш тоа, ноншалантно како исцеден лимон ја отфрли љубовта, поради своите себични потреби или од чиста пакост и злоба.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И уште пред да ја запали цигарата, почувствува дека со пламенот на својата запалка ја откри лагата во звоите очи. „Секогаш?“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сакаш да мудруваш, сакаш да судиш но не си ни судија, а ниту Бог ти си само еден бездарник валкан и мизерен душегрижник без душа Погледни ја бесрамнику својата вина погледни го трулежот од лагата во себе погледни ја душата што тоне во празнина проклето да биде твоето семе
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Е, најпосле Јован дрпна уште една лага во постите и ги бојадиса сите, дека на Велигден — по Велигден ќе имаат возможност да се радуваат на полни постели со витолишки убавици.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Пријателе, ние ја носиме лагата во себе и едно не знаеме: дали нѐ одржува таа во живот или ја негуваме за да ја забрзаме својата смрт.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А сега сум еден чекор поблиску до целта на моето уништување, уште еден чекор подалеку од сопственото саможртвување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Бев пред вистината долго пред времето кога постана вистина, после сите тие лаги во кои поради сопствената измореност сите веруваме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
А ти се читаат лаги во очите, затоа го криеш погледот и ја наведнуваш главата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)