куќарка (имн.) - на (предл.)

Ако излезеше да се прошета крај куќарките на аргатите и чифчиите кои работеа на сегашниот имот од Петрета, одеше со кренат камшик, небаре мутесарифот Мехмед Фаик-паша дошол на обиколка, и на сите им се обраќаше со „Господот наш Исус Христос да ни е на помош”, божем не знае каде се наоѓа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Куќарката на баба Мара беше на крајот од јужниот дел на Битола, во близина на реката Драгор.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Третиот брат држеше касапница во градот, касапницата на бегот, и затоа можеби на тремот од куќарката на овие Турци понекогаш гордо висеше, и по неколку дена, заклана јалова овца.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Една вечер, до куќарката на Турците дојдоа двајца Турци со силни фенери.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)