куќа (имн.) - нивен (прид.)

И оздрави, кутрата: но од ќотекот си остана алипна во умот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Една ноќ, Невена сони силен сон: Голем ветар куќата нивна ја буткаше, се навали, а од другата страна Невена со баба ѝ Трајанка ја потпираа, па така ќе ја исправеа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А неа, Ристана Голушкоска, тогаш млада невеста и трудна со Димка, дури другиот ден, во време пладнина, ја најдоа жителите на Потковицата на мртво истепана и полуосвестена во тремот на куќата нивна и не смеејќи да ја однесат на доктор во Прилеп, се плаѓеа да не ѝ направат поголемо зло, сами ја лечеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Веруваа, се надеваа дека Атанас, по исплакувањето на Молитвена Вода, ќе си дојде дома и ќе каже што го натерало толку силно и толку жалоито живи да ги оплакува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога стигнаа во дворот, на прагот на куќата нивна, ги најдоа мајка му Илинка, браќата и деда му Блажета, тихи и скукалени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)