куќа (имн.) - наш (прид.)

Токо така ми текна оти, ка го заведе попот Крчето кај Жиовчеви — не стапна во куќата наша, та шо му беше алот тој си знае.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Нека добредојдат, човеку! Куќата наша секогаш е отворена и пред и по Петровден — рече жената и му направи здравоживо на сите тројца.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како што влегувавме во улицата под куќата наша, така веќе чувме гласови на други фамилии што доаѓаа од таа страна и исто така одеа в црква.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ни скитнал погледот на селото мое: ене ја куќата наша, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пилци да се сторите и од куќава наша да одлетате, да в поле да појдете по трњето да стоите и еден-друзи да се барате, та да не можете никогаш да се најдете.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Така куртулија од вас да имаме од вашите маки што ни 'и даате!“ И за вистина, синко Силјане, беа се сториле пилци и си пошле в поле да живеат по трњето и ката ден едни други да се бараат и да не можат да се најдат и да се видат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Пилци да се сторите и од куќава наша да одлетате, да в поле да појдете по трњето да стојте и еден друзи да се барате, та да не можите никоаш да се најдите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Едно го виделе врапчињата, и излетеле од седелото, та застанале на врвот од дрвото и почнале да си жалаат и меѓу себе да си велаат: - Ејди, море домаќине - му рекла врабицата, куќата наша појде, еве го стопанот од лозјето дојде за да го одгрибуат лозјето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
А може овој пат ќе ја прескокне куќата наша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)