куќа (имн.) - до (предл.)

Заборавил дека е стражар и пак се сновел околу куќата до ненадејно судрување со друга сенка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Премреже, несреќичка: вчера се котел и плачел над Калпаковиот гроб, денес станал питач по женско месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знае до кај зафаќа гумното нивно, иако гумното е одградено. Знае и зад куќи до каде е нивно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знаеш - оној фонд од куќа до куќа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја соѕида куќата до некаде, а од брат му Тане стигна писмо.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Никој досега не рекол дека се одвратни глувците во куќата до нас кои со години се хранат со букви.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ене, во дворот отспротива има одвратна кочина.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)