Квечерината на дваесет и трети мај, кога се вратив од височинката каде што веќе се изведуваа работите на главниот резервоар, за кој земјата беше ископана и, на камиони, однесена, та почнуваа бетонерските работи, кога се вратив таа квечерина, пред куќата ме чекаше човек кого не го познавав.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сѐ така ми текнува по нешто: зад онаа куќа ме клоцна магаре, се сеќавам и на првиот снег.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)