куќа (имн.) - има (гл.)

Рековме, расположивите куќи за сместување се мали. Во куќите има по неколку соби.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми беше среќен што куќата имаше многу широки и длабоки долапи кои можеше да ги исполни со свои­те стари списи, книги, мапи, ракописи, спасени од неколку селидби и војни, пожари и поплави.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Куќата имаше долга авлија која водеше кон широка бавча, опкружена со ѕидовите од соседните куќи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во нашата куќа имаше една одаја што беше на брат ми Спиро и на снаа ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Еден ден во куќата дојде комисија од управата за еврејски прашања во градот, да види дали во куќата имаме Евреин. Татко ми беше занемен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во куќата имаше електрични и гасни направи и други модерни апарати.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во таа куќа имало и две дечиња, едното машко, другото девојче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Секоја куќа имаше по дваесетина кози, башка волови, крави, маски, магариња, коњи и секаква друга живина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- „Во оваа куќа има заразна болест“, со уживање изрецитирав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не знам зошто одев во куќата под калето кога постојано ме ежавеше страв брегот еден ден да не појде надолу и да се разурнат шарките на времињата кои поминуваа по неговата жолта страна ви кажувам не знам зошто одев кога и самата куќа имаше нешто застрашувачко во густата темница што се таеше меѓу диреците оти мојот братучед можев да го најдам и кај нас зад насипот каде што неговата маќеа пасеше бела коза по бавчите и молзеше по ока полока млеко за неговата ќеркичка оти жена му марија своето убаво женско време го поминуваше во лешочкиот санаториум а пак кај нанчо можам да ви речам дека ништо не ме влечеше оти во мене тлееше голема навреда од што ме напади првата зима што ја зимував во скопје а сега својата дрвена берберница од паркот спроти градската болница ја има преселено во ќошот лево веднаш крај самиот влез и ја има сросано на два ката долу за бричење а горе за спиење со жеништата што ги турка со глава по раскрцканото скалило направено од две штици ви кажувам не доаѓав ни за него ни за братучедот кој често клечеше или лежеше во аголот врз сламарникот меѓутоа јас често се уловував како драбам по насипот крај реката очекувајќи да ги здогледам детето со разбегана коса по главата момчето со долгиот врат како фрла камчиња во реката и старецот сиот завиен во козина таму каде што се гледа душата
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Прекрасен човек е Иван Иванович!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Каква ли куќа има во Миргород!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И, додека сватовите ја полнеа куќата, комшиите ја полнеа улицата и се редеа по групи (кој со кого зборува и си има муабет, нели), па така, по двајца или по тројца во група, стрпливо чекаа да видат како ќе биде стокмена невестата и дали по нешто ќе се разликува, зашто мајка ѝ веќе беше раскажала по цела улица дека „ќерка ѝ ќе оди во град“ и ќе се мажи за некој што во куќата има мебел од некој што не знае како се вика (Луј ли, Муј ли, 15-ти, 16-ти... така некако).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Пред куќа има полициска кола! Бојана рипна од креветот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Беше пријатно, така во несреќа, да се мисли на далечната земја и на раштрканото село Жепа, каде што во секоја куќа има приказна за неговата слава и за успехот во Цариград, а каде што никој не ја познава опачината и не ја насетува славата ниту цената со која се добива успехот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му рекоа дека има уште четири куќи од Штекиќи и дека се најимотните во селото, но дека и селото и сиот тој крај осиромашиле, дека џамијата им пропаднала и изгорела, чешмата пресушила; а најлошо им е тоа што немаат мост на Жепа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пред куќата имаше исто така мала градина со две големи дрвја, кои еднаш ја спасија Мајка кога во нив удри камион скршнувајќи од правата улица.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веднаш до куќата имаше и една чешма и неколку лимени корита наредени едно врз друго.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ние децата не сме знаеле и никој не знаел дека во куќата имавме скривница.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас веднаш се сетив дека тука некаде во куќата имаме пушки.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Оставајќи впечаток како да исчезнува од постоење, тој дури додаде дека куќата има два влеза, едниот од нив преку задниот двор, кој излегува на едно споредно сокаче.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бидејќи целото село беше заинтересирано за оваа работа, овој пазар речиси од секоја куќа имаше по еден или двајца луѓе кои тераа на пазар по еден, два, па и повеќе добитоци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таму, зад убавата куќа имаше и други, многу куќи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И навистина, спаијата беше кладен на конак кај долни, а придружбата кај горни Батанџиовци, кои беа делени, а во секоја куќа имаше по две млади невести.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ами, ти само кажи шо сакаш, шо ни куќа има сѐ е твое. A шо велиш за бакрданик, дал господ и мумурузно и сланина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По извесно време дојде комисија од двајца инженери, ја прегледа куќата, го проверија земјиштето на кое лежи и констатираа дека куќата лежи на растресито земјиште, дека во нејзината близина тече река која е суводолица и во време на буици го подлокува коритото накај куќата; во дворот од куќата има бунар длабок 6 метри, чија вода е матна од пробивањето на реката или од подземните води кои тлото под куќата го прават нестабилно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
За вредноста на куќата ги усвојувам следните нормативи: 1м2 нето површина чини 250 динари; куќата има нето површина од 200 м2. Вкупно: 50.000 динари.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во записникот вештото лице наведе дека куќата е 12,50 на 9,30 м., градена од слаб материјал: приземјето од камен, со малтер од кал, а катот од плит; меѓутаванската конструкција, таванската и покривот се дрвени - со костенови и јасикови стебла; на секој метар во висина, ѕидовите на куќата се опшиени со дрвени појаси, покривот е четвороводен со турски керамиди; олуци нема; на горниот кат одаите и претсобјето се послани со под од штици на ”перо” и жлеб; долниот кат на куќата е послан со набиена глина помешана со слама; претсобјето ”конкот”, во долниот кат е циментиран; куќата внатре е малтерисана; вратите, прозорците и скалите се дрвени; куќата има пукнатини (хоризонтални и вертикални); на северниот ѕид однадвор можат да се уоачат пукнатини и тоа на ширина од 1,30, па 2,70 и 3,90 метри, мерено од североисточното ќоше; на источниот ѕид има пукнатина на 3,30 м., мерено од источното ќоше, и на западниот ѕид на широчина од 1,50, потоа 2,40 и 4,00 м., мерено од северозападното ќоше; должина на пукнатините се од 0,30 до 4,00 м., а широчината на пукнатините од 20 до 30 мм.; внатре исто така се забележуваат вертикални и хоризонтални пукнатини во сите простории.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се сеќаваше дека во сите педесетина куќи имаше повеќе луѓе одошто кози.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Вашата адреса?“ „Јужен булевар, број единаесет.“ „И во вашата куќа има воздух!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Точно велиш, големо беше Еврејското маало! Многу куќи! Во која да влезеш!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мислиш, не знаеле оти по куќите има скриено злато?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога ќе ја отвори вратата, му се отвора јужната страна и еден дел од брегот на езерото што од неговата куќа продолжува натаму да сe исукува како воден конец; сонцето постојано му е на вратата, и штом ќе ја отвори, тоа му влетува внатре; на задната страна, кон селскиот сокак, на куќата има прозорче, мазгалка, и низ неа протинаше пушка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во куќата имаше една сала која служеше како мал козји музеј во кој се чуваа слики, скулртури, фигури, инспирирани од суштества.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На предната страна од куќата имаше тераса до која водеа масивни камени скали.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А во куќата имаше постојано гости кои секогаш беа добредојдени.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во куќата имаше голема трпезарија со долга маса, од двете страни на масата дрвени клупи на кои навечер ние децата испоседнувавме, уморни од целодневните детски игри и нестрпливо чекавме нашите мајки да ни ја принесат вечерата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Уште од летоска Пелагија ја гмечи уличкава,излегува и на Ѓуро Ѓоновиќ, па отаде, по сокачињана, се загледува во градините, во жените седнати пред влезовите, по негде влегува и стигнува до нив со надеж дека некоја ќе ѝ врати како во нивната скромна куќарка има место и за нив тројцата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
3. Ама, секоја куќа има свој нужник, што се вели, и секој народ има свој предавник.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислам дека само во куќите има вистински живот. Никаде на друго место.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)