Како резултат на таа акција 7.215 Евреи биле одведени во концентрациониот логор Треблинка каде биле ликвидирани.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Ноќта на 11 и 12 март 1943 градовите Битола, Штип, Скопје беа блокирани, а еврејските куќи биле блокирани од бугарската војска и полиција.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Ноќта бргу падна, сијалиците го заменија сонцето во одајките и додека вечераа во кујната, со нурнат поглед во чинијата со манџа Пелагија го откри Егеецот Димостен, Влав од селата на Кожув Планина, човекот со дрвената нога, со убавото лице, со благиот глас, со косата што паѓа врз очите, рече додека тој се биел против фашистите со партизаните, го запалиле неговото село, со другите куќи изгорела и неговата куќа, ама во неговата куќа била неговата жена и деца и оти далеку во други планини со бојови зафатен за несреќата дознава дури кога и тој останал без една нога а се лекувал тука близу Скопје, во партизанската болница Катланово.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Никој немаше да ми поверува дека ме нападнал пес во мојата работна соба ако не ми беа под лактов белезите од неговите заби.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Убаво видов кога песот ме гризна, но потоа не само јас туку и Јана, а и човекот што беше дојден да ја дотера живата ограда околу градината сите констатиравме дека влезните врати во дворот и во куќата биле затворени и не постоел начин да влезе ѕвер во куќата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Е, после чув и од која куќа бил и што имаат. А повеќе чув што немаат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Секоја куќа била должна да му дава по еден печен вол на ден за да јаде; кога дошол редот на Чулко Заумко, тој се послужил со итрина: го испекол волот и го премачкал со отров што го собрал од многу отровни змии; кога змејот го изел волот, се отрул.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
На четврти март е родена Нора, сестрата на Борхес, неговиот најдобар пријател во детството и иден сликар. 1905.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На својот син му рецитирал песни на англиски, јазик кој во куќата бил зборуван рамноправно со шпанскиот поради влијанието на татковата мајка, инаку англичанка. 1901.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Првите литературни обиди на Борхес и охрабрувања од татко му.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Семејството се сели во Палермо, северното предградие на Буенос Аирес. 1906.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)