Додека госпоѓата Камилска во кујната беше зафатена со подготвување на јадењата за послужување, Мајка на веќе седнатите Татко и Камилски им го донесе првиот подавалник со ракијата, мастиката и двете чашки, а потоа го постави на масата и поголемиот подавалник со раскошното мезе во повеќе чиничиња.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Четврток Септември Мојот влез во кујната беше повеќе од разговор.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Кујната беше отворена кон ресторанот и цело време ги гледавме вработените како ги подготвуваат специјалитетите.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Се чинеше дека зарзаватите од нејзината градина, чудесно подготвени, се прелеваа во разните чиничиња, светнати од маслиновото масло.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Долу во кујната беше мајка му Кираца, готвеше вечера на шпоретот на дрва.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)