Штом кучето ќе завиеше слепиот армоникаш ја прибираше кутијата со пари поблиску до скутот...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
КОСТАДИН: Светот ли ти дава да јадеш?
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Ете пак ти кажувам: како куче ќе гладувам, за корка леб да сум страден, динар да немам, само за печалба не зборувај ми!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
— Ќе ти го распарам мевот, вели, и живо куче ќе ти зашијам во него.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Ѕверки ли сте или луѓе!“ им велеше налутено слепиот Томин „Зар такви кучиња ќе вежбате... Зар ним им се подавате да ве гризат...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Дресерот носеше на себе заштитни алишта, ракавици и кај секое куче ќе предизвикаше бес; а потоа и целата група кучиња, ќе ги раздразнеше до таа мера што тие ужасно лаеја, квичеа, напинаа на синџирите да ги скинат, а потеа сам одеше и се криеше во шумата; кога ќе се скриеше, војниците ги пуштаа кучињата и тие, лаејќи и душкајќи по неговите траги, го наоѓаа каде што беше скриен; му се нафрлуваа, но војниците ги сепнуваа, ги задржуваа и ги тргаа за синџирите.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
А полноќ е и сигурно сега и тоа куче ќе стигне дома и за да ја граби...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Старата Госпоѓа Беранж, нејзиното зрикаво куче ќе ѝ го земат, ќе ѝ го одведат...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Некој од стрелците со свои стихови му рекол дека познава измирски крмнак со име Селџик-бег; на тој крмнак кучиња ќе му ги кинат дробовите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој сѐ уште на персиски раскажувал за своите идни деца и пак пеел, веќе со зборови на лирикот Мевлана.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Каде да одите, пак ќе се вратите во домчево, како кучиња ќе се вратите назад!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сигурно требаше да ми рече - ако ти избега Леме, како куче ќе те претепам, ќе пцоисаш.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Аман, ми вели, прави како ќе правиш, ама една кожа од куче ќе ми дадеш.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)