Кучето не се двоеше од него и каде одеше тој и тоа одеше по него: по полето и планината.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Заморното во оваа појава што му ги дразнеше нервите беше тоа дека ова со кучешкиот измет се повторуваше секој ден додека најпосле, по три-четири дена, кучето не липса.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Умен е и мил! - рече Денко, откако се увери дека од кучето не му се заканува опасност.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„И кучињата не заборавај ги“ - ѕвонеа во неговите уши упатствата од дедо му што му ги даваше синоќа, а и утрово кога се испраќаа.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
идат сега полицајците на Јанис Метаксас и ти дежураат пред устата, под ушите, не смееш ни кучето со свои зборови да го повабиш, ни козата да ја искараш, оти не им зборуваш грчки, ти велат, моето куче не знае грчки, им велиш, мојата коза не разбира, полицајците и оддалеку знаат на кој јазик зборуваш, по отворањето на устата знаат и идат право на тебе и во отворената уста ти плукаат и после ти ги кршат забите и ги бришат словенските букви од црквите и од гробовите,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Со малку се разбравме. ,Кај кушо куче не се бара опашка", велеше дедо. 69.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Целата ноќ што мислел и думал, за кај бил и сега каде е во таа пустелија кај што петел не пеал и куче не лајало.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Кучето едновремено заигра и со главата и со опашката чиниш одобрувајќи ги зборовите на господинот Гроздановски, а госпоѓа Гологанова рече: „Јас за таква раса кучиња не сум ни чула...“ „Ни јас“, рече домаќинот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Сигурен дека кучето не може да излезе надвор, Бошко го фати клепалото на вратничето и затропа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Ами кучето не било пцовисано, му велам, не било пцовисано за да оживи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)