Земскиот бог те фрли во арена  опкружен со злите кучиња за прести  а тој одозгора сеирџиски ве гледа  и смртта ваша за него е фетиш
               
             
           
            
            
              „Проклетници“
               од Горан Јанкуловски 
              (2012)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  23. НЕ ДРАЗНИ ГО КУЧЕТО ЗА ДА НЕ ТЕ КАСНЕ -  ти се вели да не правиш од играчка плачка,  ако својот детски порив во себе го згаснеш  за животот пеплосан ќе добиеш - огнена значка...
               
             
           
            
            
              „Куршуми низ времето“
               од Љупчо  Стојменски 
              (1976)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Кој ѓавол те натера да му ја направиш оваа белја!? - викаше татко ми. - Па ти, тате ... - Јас? - Нели постојано зборуваше ова куче за куршум плаче ...
               
             
           
            
            
              „Прва љубов“
               од Јован  Стрезовски 
              (1992)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Од големиот стог  се стркала  сонцето  на пат  и уплашено од кучињата  се разбега низ тесните сокаци  криејќи се  зад малите прозорци на куќите  Триејќи ги очите  селаните ги врзуваат  немирните кучиња  за плот  И свирејќи,  со косите на рамо  се разлеваат  со сонцето  по ливадите.
               
             
           
            
            
              „Дождови“
               од Матеја Матевски 
              (1956)