Грета: Јас никогаш не сум го чула да пее!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тој ги уби сите кучиња во маалото!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сопрев едно возило. Па друго. Стигнав до Кичево, ни јас не знам како, ама го фатив автобусот за Скопје.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
- Вангел умре, рече - како куче во ходникот на клиника.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
И веднаш разбрав од каде толку голема љубов кон кучињата во Париз.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но, ете, Французинката го носи кучето в скут, не сака да се оддели од него, зашто тоа преставува дел од нејзиниот живот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Прашината споро лебди во пеколот на пладнето, К* мисли, се испотив, чувствува со целото тело, потта му се испарува од кожата, тоа некако го лади, К* мисли, треба да ја сменам маичката, се обидува да мисли К*, што тоа сакав, погледот на К* залутува кон кучето во длабочината на улицата.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Се врткав низ ходникот како куче во синџир, а низ клучалката од собата се слушаше викање и трескот: „Зошто лажеш? Зошто не признавааш? А овие што се ...? Летоци ли се или не се, а?“
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Се качи на малото чардаче, оставајќи го кучето во тремот од кошарата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Беше многу рано, иако стемнето, за да се затвори во колибата и да се осами уште повеќе отколку што беше, па ги задржа кучињата во тремот, фрлајќи им и по некое парче сирење, за што, кога би го видел дедо му, убаво би го искарал.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
ГРИНАВЕЈ: Да, меѓутоа политички беа неутрални, бидејќи се занимаваа со прашања: колку има овчарски кучиња во селата на јужен Велс, колку има јапонски ресторани во Ипсвич, информации од банална природа.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Наместо тоа, галежливо допирајќи го кучето во скутот, почна да ги набројува карактеристиките на грифонот онака како што ги имаше прочитано во својата Британика: "Црно...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Но, како што веќе знаеше и како што стравуваше, кучето во ниеден случај не ја напушти навиката да го причека стопанот да помине крај него и дури потоа да тргне по него.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Дури ни Крмакот, од кого сите кучиња во селото бегаат како од чума, не можеше да му се приближи.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Првата работа што му падна на памет беше некако да го намами кучето во некоја просторија и да го заклучи внатре.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Текстот му стана интересен веројатно поради лично ненужниот податок дека кучињата во животот на луѓето се појавиле пред 14.000 години, од увидена потреба, но, веројатно, и поради некоја ирационална љубопитност во обидот да ги припитомат, и од која подоцна произлегла потребата за одбрана од дивите ѕверови.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Така да знаете, ни рече. Живо куче во селото не смее да остане.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Вака раскажуваше баба ми Катарина: Првин се разлајаа кучињата во долниот крај на селото, покрај патот што од крајните куќи излегуваше кон полето, а потоа лаежот како бран се засили низ сето село.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Како да пристигнам од француската детска песничка: „Un tout petit chien, dans la vitrine, av, av, um tout petit chien, á l`oreille blanche, av, av“ („сосем мало кученце во витрината, ав, ав, сосем мало кученце со увце бело, ав, ав“).
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Брат ми го држеше своето кученце во рацете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Писна сирената која го најавуваше поаѓањето на возот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во 1738 година беше растргнат од кучиња во шума.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Многупати вршеше походи против должниците и толку ги сакаше јавните собири, што не даваше да се вршат никакви телесни казни без свое присуство.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Оф, боже, па кучињата во ниедна своја несреќа не би ги оставиле луѓето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„ Добро“, рече. Кучињата во селото молкнаа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Му направи гроб и му го уреди како што тоа го правеа сопствениците на кучињата во кучешките гробишта во Виена.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
„Какво куче!“ му викаше Богдан. „Зарем не се насити на кучиња во Пансионот... Зарем не ти дојдоа до глава...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кучето во тоа претрчување си наоѓа игра и чувствува задоволство од тоа што го галат, и продолжува така да претрчува, дè кај еден, дè кај друг.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кучињата во него гледаат спасител и му ја откриваат својата мака преку своето држење, гледање, цимолење, завивање.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кучето го негува како чедо; постојано е со него: каде оди тој и него го води; му дава што е најубаво за јадење, го храни исто како што ги хранеше кучињата во Пансионот. Игра со него, го дресира.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во градината повеќе не се седи, а и ноќе не се спие: лае и ги довикува и другите кучиња во селото.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
При примањето на кучето во Пансионот, во рецепцијата се исполнуваше картонче во кое се внесуваше: името на кучето, расата, староста, името на сопственикот и адресата на живеење, денот на доаѓањето и денот на заминувањето од Пансионот, видот на храната и посебните желби на сопственикот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Што лошо ти стори кучето... Зарем не ги засака кучињата во Пансионот; зошто да му ја земеш душата кога не си му ја дал, проклетнику...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Како трето: ќе можам да си набавам куче кое ќе спие на тераса, и така конечно ќе можам да ја направам единствената здрава работа носејќи го кучето во парк, наместо да решавам загатки од стари списанија, посакувајќи го најновиот број.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Ако исклучокот од болеста, или Нормалноста, психијатрите во книгите го нарекуваат Религија, тогаш моето Верување во тајни знаци кои сакаат да ми разоткријат гатанка доаѓаше како некаква здрава работа од типот на водење на кучето во парк.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Кога влегоа „кучеубијците“ во дворот на слепата Донка, таа го имаше скриено кучето во кералот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
А миризбата на Америка не наликува на ниту една миризба што кучето во мене досега ја намирисало.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Дали кучињата во посебни камиони или да ги оставиме да лежат?
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Крена рака Полин од мачките и зајаците и почна да одгледува кучиња; направи нови котари за кучињата во кои нареди: машко, женско, машко, женско, за да не се гризат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога се повлекоа кучињата во дворот тетка Фора ги погледна војниците и не можеше да верува.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Му ја направи најубавата куќичка и сите кучиња во селото му завидуваа.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)