куче (имн.) - има (гл.)

Обично секое куче има по две простории: една каде што одмора и спие, а друга каде што јаде.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но на Лакан му е најважно да покаже дека кучето има различен пристап кон јазикот од чове­ кот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не само тоа, туку стануваше очигледно дека кучето има нешто предвид.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кучињата има да се дотепаат до последното.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Арно ама, кога го ставиле првиот камен пред нејзините нозе со црвени налани, се сетила на своето чедо кое како мало кученце имало обичај да ѝ ги грицка обувките.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Градбата од камен и тули ѝ нараснала до колената покриени со позлатениот фустан.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кај што има куче има и здрав човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го нема. - Ќе најдете други, им велам на луѓето, зар малку кучиња има низ селово. 129
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)