Ја познава секоја стапалка шума и сето тоа го потсетува на неговото детство и среќните дни, кога таму ги пасеше овците, свиреше со кавалот и мечтаеше за својата идна среќа: како ќе се ожени, како своето прво синче ќе го води со себе да го запознае со пределите на шумата; како ќе му влее кураж да не се плаши од волците; како тоа ќе ги пасе овците и јагнињата, и најпосле, како и тоа ќе биде домаќин, како што е татко му Петко, и тој сам што ќе биде.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Меѓутоа, денес, кога во цела Македонија народот се разбунтувал и дигнал востание... кога Македонците се борат за правда и слобода, тие господа немаат кураж да го изјават пред еден граѓански суд она за кое народот се бори со оружје в рака.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И враќањето беше тешко; ја минав цела Русија, цела Романија, додека стигнав овде; ме фаќаа сите болести што војните ги оставиле: тифус, маларија, грип; некои ги прележував по пат, а некои по болниците; паѓав во трески, во огнови, во несвест, но се храбрев, си давав кураж да истраам, да се вратам жив...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Како Јован што беше мерактисан на Велика Бендерова, така и Тоше ја имаше „обесено пушката" кај Митра Мачкарова во Градешница, но тој немаше кураж да ја прибере Митра кај себе, бидејќи нејзиниот Трајко не сакаше да му служи под тие услови, под кои Митре Бендерот му служеше на Зована Сивев.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На Калешка му се придружи еден ортак и тој доби кураж да си го каже своето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но зборовите на мајка ѝ како ќе биде утре само таа в село писмена; како ќе може да чита „големи книги"; да пее в црква та дури и писарка на спаијата може да му стане и да вади добри пари, — сето тоа ѝ даваше кураж да издржи и редовно да ја посетува школата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)