Таа е трајна деловна соработка, односно континуирано трговско сродство помеѓу продавачот т.е. давателот на франшизата (франшизерот) и купувачот т.е. примателот / носителот на франшизата (франшизистот) – кадешто целокупното знаење, имиџот, производствените и пазарните техники на продавачот на франшизата се достапни за користење на купувачот на франшизата, во замена за определен процент од остварената продажба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Десет илјади, му рекоа, а тој само што не прсна, какви десет илјади за оваа сува слама во измитарена кожа, кога тоа чудо нема ни заби, немаш заби ни ти, му рекоа браќата, понесени од љубовта на Отец Симеон за белата душа и рекоа уште нешто, заради што пенушката помодре и им ги покажа забите, па тие веднаш се снајдоа и го одвлекоа коњчето, сеедно, не е само тој купувач на овој вангелосан свет.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во меѓувреме, дојде и одговорот од Маргру: Моментално не е можно да се утврди кој е вистинскиот купувач на паричникот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Закон за приватизација на државниот капитал во претпријатијата (Сл. весник на РМ – 37/96, 25/99, 81/99, 6/02, 74/05); Закон за отстапување на деловни средства од страна на претпријатијата во коишто Република Македонија и Агенцијата на РМ за трансформација на претпријатијата со општествен капитал имаат акции, односно удели (Сл. весник на РМ – 49/97, 30/02) и др.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Покрај овој контроверзен закон, оваа сензитивна сфера беше уредена и со множество други, мошне комплицирани, закони: Законот за промет и располагање со општествениот капитал (Сл. лист на СФРЈ – 84/89, 46/90); Законот за трансформација на претпријатијата и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со земјоделско земјиште (Сл. весник 240 на РМ – 19/96, 25/99, 81/99, 48/00 ПТ);
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Салото под елекот закитен со тежок сребрен синџир му се бранувало од задоволство додека ја гледал толпата обземена од тапа љубопитност, пред секакво чудо и сите што му биле и што ветувале дека ќе му станат купувачи на басма, шајак и јамболии можеле да се восхитуваат и да му се чудат - коњот пиел вино од поило и по команда се исправил на задните нозе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)