Во топлите денови од камењата собрани на куп во дворот излегуваше голем смок, лазеше претпазливо низ дворот, гледаше на сите страни со крената глава за да не го изненади нешто и одеше право кон готварникот; доаѓаше до вратата, се вслушнуваше дали има некој внатре, се провираше низ цепот, се искачуваше по ѕидот и се свиткуваше да лежи над огништето каде што беше најтопло.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Наоѓајќи се на куп во родниот град, гемиџиите зимата 1899/1900 година ја поминале главно во организирање на „зимски седенки“, на кои се читале книги и се дискутирало по нив.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Потоа... потоа, како и секој ден, се собиравме куп во бараките, во коњушниците и пак и пак си ја раскажувавме болката и во неутешливиот липтеж и плач баравме олеснување од чемерот...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)