куп (имн.) - луѓе (имн.)

Всушност, застана пред кафуле. Одвнатре го гледаа еден куп луѓе.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А, заборавив да ти кажам, во дворот, во купот луѓе ја видовме баба Митра со Дончо, ама после се загубивме, не се сретнавме!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се сети на своето село, на куп луѓе под сенките на големиот орев, на јатото кокошки кои го колваа буништето, на свињите кои ги таманеа како крв засирените црвени бобинки, на бунарот и чкрипотот на чекркот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)