куп (имн.) - лист (имн.)

Еден зад друг, пак се спровиравме меѓу голи стебла и ја минавме границата на есента, невестински искитена со сињак.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се вдлабував во незавршениот татков проект, сега сведен на куп листови, пожолтени, нагризани од времето, небаре со победени значења, за доловување на Балканската историја низ падовите на империите, низ кои се провлекуваше и семејната судбина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Пишпирикуле, Пупи- Пафуле, повелете, - со стави на куп лисја изпеченото месо на ежот. – Имаме царска вечера. Јадеа тие.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Најпрвин видов некои листови испишани на турски со арапски букви, за кои претпоставував дека се купопродажни договори, потоа потврди за заем со кирилски букви и еден куп листови, грубо подврзани, испишани исто така со кирилски букви, како и еден исечок од весник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)