кум (имн.) - и (сврз.)

Престанаа да си одат, да си идат на гости, престанаа да се женат и мажат со „Грци" и „Бугари" и од вчерашни браќа, братучеди, стриковци, вујковци, кумови и светијовани, станаа смртни непријатели и каде се сретнуваа по пазариштата Прилеп, Битола, Лерин, — секаде ги остреа забите едни на други и се чекаа да се исколат со острите ками, што обично ги криеја во самарите од маските или магарињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Она малечко време што го поминале заедно на салашот за време на раѓањето на Пеличка и она другото додека се вратија во Скопје, ги сплотило толку многу што ги направило роднини, од кумови и нема поблиски надвор од семејството.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
ДЕВЕРОТ: (му поднесува на кумот и старосватот вино и ракија).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И Пискулиев, кога го крсти Ордета, беше детиште, а еве доживува да се рече дека скржето што го држел в раце над кршталникот, над кое тревливел невешто по попот „крешчаетсја раб божји Јордан”, - сега го привтасало, а можеби ќе го остави кумот и зад себе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Перса ликуваше што сепак се исполни она што го посакуваше, но, се разбира, среќна беше и Пелагија што ги гледа кумовите и нивните деца добро нахранети и добро облечени.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Веродостојноста на приказната содржана во неговите записи, сметал стариот монах, добива уште поголемо значење ако се смести покрај имињата и гласовите на новороденчињата; покрај плачот на детето и изреченото име од страна на кумот и тоа секогаш забележани под надзор на благата насмевка на светците.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)