култура (имн.) - ги (зам.)

Еволуирајќи од некој вид на продолжено сако до иконичкиот знак на тренчкот, дождовниот мантил дури во средината на педесетите влезе во мода.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исто како и сликите, неговата автобиогра­фија е полна само со факти, ослободена од било какво откровение.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во педесетите години на веков овие декоративни помагала стекнаа нова популарност поради имиџот на Марлон Брандо во филмот Дивјак и Џемс Дин во филмот Бунтовник без причини.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секогаш знаеме што го фасцинира, но никогаш со сигурност не може­ ме да кажеме зошто.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Рокенрол културата ги присвои митовите за Марлон Брандо и Џемс Дин како дел од својата иконографија, нивните фармерки, кожни јакни и реј бан наочарите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За разлика од, на пример, Клас Олденбург кој предметите на консументската култура ги претвори во сурогати на неговиот моќен, понекогаш дури и збунувачко експресивен начин на израз.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сосема се согласувам со Фелоус дека честопати во стереотипите има вистина – „Колку и да изгледаат ветво“, вели Фелоус, „геј-стереотипите се корисни за испитување на природите на геј-мажите “ (246) – но кога таквите стереотипи ги претвора во архетипови (х, 247) и во вистини за нашата природа, Фелоус премногу полага верба во клишеата, во општествените фантазии за мажественоста и за женственоста кои ни изгледаат очигледни и точни само затоа што се сообразни со распространетите, општоприфатени поимања на полот и на родот, поимања што излегуваат крајно некохерентни штом ќе ги разгледаме одблизу.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Самата бесрамност на, сеприсутност, претежност, очигледност, дури и вулгарност на канонските дефиниции на сексуалната привлечност во хетеросексуалната култура ги изземаат стрејт-луѓето од нужноста да ги дефинираат точните сексуални облици што соодветствуваат на нивните желби.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Причината поради која е добро да му се одолее на запаѓањето во конвенционални начини на размислување за родот, начини какви што постојано промовира родовата идеологија на нашето општество, е што инаку ќе бидеме склони да прифаќаме, без соодветно да ги разгледаме, многу невистинити претстави за жените и за мажите кои би ги сметале за крајно неодржливи кога не би се совпаѓале со поларизираните концепти на родот што ги зајакнува родовото стереотипизирање претставувајќи ги како чист здрав разум.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таквото лековерно верување во вистинитоста на конвенционалните поимања е сосема разбирливо, особено кога се темели врз толку длабоко вкоренети и навидум неприкосновени идеологии како оние што се однесуваат на полот и на родот, но тоа истовремено е и немудро и крајно непотребно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Конкретно, би се залетале, без многу-многу внимателно размислување, сите навики, практики, ставови или интереси што нашата култура ги дефинира како нешто немашко или како нешто што отстапува од конвенционалните норми на мажественоста да ги сметаме за „женствени“, без разлика дали имаат некаква врска со навиките, практиките, ставовите и интересите на некоја жена што навистина ја познаваме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како и кај многу други модерни уметници, свежината со која децата се спротивставуваат на објективниот свет му даде на Дибифе нова перспектива во посматрањето на секојдневните настани. 110 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Уметниците во детските цртежи ја забележуваат несвесната експресија на „примитивни вредности” кои културата ги бутнала настрана, како и отвореноста во посматрање на појавите без, за возрасните толку карактеристичната, претходна концептуализација.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Оние маски што во архаичните култури ги дарувале староста и смртта, младите тука ги поседуваат на 20 години, на 12 години. Но, така е и со градот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)