Авто-механичарот не е културен човек (...) Според тоа, идејата за култура подразбира и одредена мера на здодевност како нужен предуслов за развој на културата. (Eco 1994: 118) Конечно, под „антрополошка дефиниција” се подразбираат „институциите, митовите, обредите, законите, верувањата, кодификуваното секојдневно однесување, системите на вредности и материјалните техники создадени од групи човечки суштества”.5 Во оваа смисла, културата не мора нужно да биде експлицитна, ниту да подразбира вредносни судови.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)