Изградив кула од зборови Со златни кровови, Со бели дворови, Изградив кула од зборови Во кулата ширни одаи Во одаи занесите мои, Од виденото и сетеното Од тајното и сокриеното: Една одаја за гревовите, Една одаја за зборовите Третата за стиховите, Во темелите стремежите и надежите, Под нив тагата и прелагата, Најдолу душата и снагата.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Заточеници во кулата од зборови што самите ја кренале.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
II Појдов во полето долапот стар да го видам кула од кристали матица што се рои небото од штурци што пее уште по сите ридја по сите брегови на соништата мои.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Кулата од Јована Сивев светеше и на чардакот седеа околу масата чорбаџијата Сиве, шура му Тоше Нале, зет му Митре Најдов, даскалот Димо Гулушов, битолскиот чорбаџија Данабаш и стариот Арсланбеј мудурот од Витолиште, со еден заптија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)