кула (имн.) - на (предл.)

Стоеше пред вратите на Вавилон, пред кулата на љубовта, онаа која Набуходоносор ја беше изградил на својата сакана Самирамида.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој прво сакаше да ја намачка со сало, ама долу во Небиње, каде што беше кулата на бегот, имаше еден поган заптија по име Тефик.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сонцето било свртено кон грчот на неговото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ додека во еден есенски ден, додека грмушките отаде оградата почнале да врзуваат плод тамам толку зрел колку да ти ја подотвори и така жедната уста, не само за дланка вода колку да преживееш туку и за стрвост по недозреано овошје, во луда желба што побргу да се досегнеш до смислата на живеачката, иако уште не си почнал да живееш - додека уште беше видно, Баге не се реши да се провне под жицата на оградата и како јазовец да исползи меѓу кулите на стражарниците до првата џбунка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кулата на среќата на таквите луѓе е далеку од нив.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Потоа патот го водеше до Водената кула на реката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Обмолчен е Домот на боговите. Под кулите на тврдината Саксауман во Куско кога молчат, сите молчат на кечуа, главниот јазик на царството на Инките и молкот на сите им е облечен во промена од слезова боја.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Под кулите на тврдината Саксауман во Куско уште се негува моќта да се верува - да се верува, на пример, дека религијата и војната всушност се лице и опачина на еден ист медал, - и да се верува,уште, дека секоја победа е толку слатка колку што секоја борба, уште не почната, е попуста.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Постојани заноќувања во кулите на неизвесноста, будења на секој шум...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како бајонети на силна светлина се пробиваат звуците на фанфарите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мислејќи на нашите мили семејства, се предадовме. Ја урнаа песната што ја кренавме во небото, ја ампутираа кулата на триста метри височина, а горе ставија шапка која и ден денес може да се види, вистинска беда.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)