крцка (имн.) - на (предл.)

Потоа поседе на завет пред колибата, на она трупче пред прозорчето, слушајќи го едноличното бучење на ветерот, тажното крцкање на буките и плисокот на водата што течеше од стреите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ако само малку се концентрираше, на сликите можеше да им додаде и звуци и мириси, цела атмосфера: крцкање на летен песок и слатка врелина под нозете, тазе испеглана постелнина, Нивеа, печени тостови со кулен и млечен намаз, здив после ќебапи, куп искористени кондоми и кучешки лаеж.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Како згрчена дланка ќе го сокрие во себе. а тој ќе знае дека акордот е сонуваната болка. тој акорд треба да остане таму, под клуч, в самица. никогаш повеќе луѓето да не сонуваат ножови, никогаш повеќе да не го чујат чемерното крцкање на прстите, стиснато околу неиспеано грло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Бездушно заигра црниот оган по стеблата, по гранките, го зафати покривот од сите страни и како се скаменија децата од ужасот така се чу она темно, она грозно крцкање на гредите како коски човечки да се кршат.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ковчестиот прст се издолжува кон него и сеќава на челото ладен допир и крцкање на суви коски поминува во мозокот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За сетилата на луѓето поклопени со мртов мрак во своите соби разјадувачкото крцкање на глувците не беше никаков допир.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)