круг (имн.) - околу (прил.)

А син му Горан вртеше кругови околу Карпош и Капиштец и го враќаше дома како да е тоа најнормално: „Ете тато, стигнавме на викендичката“, му зборуваше качувајќи се натоварен со телевизорот во прегратки на вториот кат во станот, од кој пред пола час го беше изнесол.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Саде добродушно ме турка како старо, раскантано фиќо низ четките во автопералницата за потем светнат да го свртам почесниот круг околу новиот сончев зрак.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Од гласот исплашена подлетна гугучката од иконостасот, направи неколку кругови околу упокоената и исчезна во утринската светлина на небото.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)