И таму некаде, во тие кругови, ја гледа мајка си која подава рака, но круговите се намалуваат, се намалуваат и таа исчезнува.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но кругот се затвора и мајката само поцврсто го стегнува своето девојче. Таа малце премислува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
О колку краток ден, мајко!
Сончевиот круг се превртува
како котелец на бесконечноста
не од љубов, од обврска
и без невера на жена
за која ништо не е извесно
ништо нејзино ни туѓо
на еклиптиката на постоењето.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Британските политички кругови се обидувале и се обидуваат тоа да го објаснат со тоа што во јули 1940 година движењата на отпорот во Европа се сметале за тајни армии и нивните активности биле спротивни на законите на војната.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Не гледаше и знаеше: кругот се стеснува - полека, со сигурност, и подмолно.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кругот се затвора. На почетокот, во гимназијата, тој беше првиот над чија книга заплакав, а сега ми е последното задоволство...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)